Утре стартува грејната сезона, но не и за основните училиштата во Карпош

Новата грејна сезона во Скопје започнува утре, освен во 8 основни училишта на територијата на општина Карпош, каде по барање на општината ќе започне на 1ви ноември.

Градоначалникот Стефчо Јакимовски објаснува дека барањето до ЕСМ е поднесено поради вкупен долг од над 8 милиони денари во овие училишта, кој според Закон требал да биде подмирен од страна на Владата. Јакимовски додава дека ваков долг од 6 милиони денари имало и лани, но бил подмирен од страна на општината иако тоа не било нивна обврска.

Од Владата велат дека ќе ги проверат ваквите информации

Произведните капацитети и дистрибутивните мрежи се комлетно подготвени за почетокот на грејната сезона – информираат од ЕСМ. Но оттаму посочуваат во некои објекти се уште не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија. ЕСМ апелира сите до потрошувачите да ги отстранат дефектите во внатрешната инсталација, а управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица..

Согласно податоците во Центарот за грижа на потрошувачи, во моментов има 117 затворени објекти, од кои 25 објекти имаат прекин на довод на електрична енергија во топлинската станица, во 23 објекти, екипите на операторот на дистрибутивниот систем немаат пристап до топлинската станица и 69 објекти се оневозможени да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефект во внатрешнатаинсталација на објектот.

Од ЕСМ најавија и дека во текот на наредните месеци ќе се спроведува поставувањето на топловодот под мостот Беласица, а се очекува комплетно да биде подготвен за ставање во фукција во текот на грејната сезона. Додека траат активностите за поставување на новите цевки, исто како и минатата година ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост, за кој што од ЕСМ уверуваат дека има доволен капацитет за непрекинато снабдување со топлинска енегргија до потрошувачите.

По пожарот кој го зафати мостот Беласица ЕСМ и Град Скопје си ја префрлаа топката чија одговорност е поставувањето на топловодните цевки. Повеќе од една година подоцна и 15тина дена пред почетокот на грејната сезона, од ЕСМ започнаа со активности за поставување на цевките.

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека се сретнал со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс во Украина.

-Барнс сега ја посети Украина за последен пат како директор на ЦИА, рече Зеленски во пораката објавена на Телеграм, додавајќи дека двајцата имале многу средби за време на војната, но дека за повеќето од нив не се разговарало во јавноста.

-Тој и јас имавме многу средби за време на оваа војна и јас сум благодарен за неговата помош. Обично таквите средби не се објавуваат, а сите наши состаноци во Украина, во другите европски земји, во Америка и во другите делови на светот се одржаа без официјални информации рече Зеленски.

САД се најважниот финансиски и воен поддржувач на Украина во војната што започна пред речиси три години. Вашингтон, исто така, редовно споделуваше воено разузнавање со Украина за да ја поддржи нејзината одбрана.

Се очекува Барнс да се повлече од функцијата шеф на ЦИА откако републиканецот Доналд Трамп ќе дојде на власт во јануари 2025 година.

притисни ентер