Утре се продава златниот часовник, најден покрај телото на најбогатиот патник на „Титаник“

Златен џебен часовник пронајден покрај телото на најбогатиот човек на Титаник може да достигне цена од 175.000 евра на аукција.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја однел својата нова сопруга Медлин во чамец за спасување.

Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат е виден како пуши цигара и разговара со сопатник.

Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и бил пронајден неговиот скап џебен часовник Waltham од 14 каратно злато, со врежани букви JJA. Се очекува часовникот да достигне цена помеѓу 100.000 и 150.000 фунти кога утре ќе се појави на аукција во аукциската куќа Henry Aldridge & Son во Девизес, Вилтшир.

„Астор е добро познат како најбогат патник на РМС Титаник и се сметаше дека е меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес“, рече аукционер Ендрју Олдриџ.

Приведени крадци во Скопје

На подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа од 22.45 до 23.20 часот лишиле од слобода четири малолетници од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.

- Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Во кочанскиот регион пријавени уште 164 лица кои ќе гласаат во домашни услови

Во четирите општини од кочанскиот регион се пријавиле уште 164 болни и изнемоштени граѓани кои побарале своето гласачко право да го остварат во домашни услови.

Тоа е зголемување од над 40 отсто во споредба со пријавените за првиот круг на претседателските избори, односно вкупниот број сега изнесува 436 лица.

Најголем број пријави биле доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, но по разгледувањето на документацијата дел од нив биле одбиени.

- Во законскиот рок ни беа доставени уште 87 пријави, но комисијата утврди дека 11 од нив не ги исполнуваат условите. Кај една пријава е констатирано дека лицето не е запишано во избирачкиот список, за што има поднесено приговор, и ако добиеме позитивен одговор тоа ќе може да го оствари правото да гласа. Заедно со пријавените од првиот круг на претседателските избори, на територијата на општина Кочани има вкупно 245 болни и изнемоштени кои ќе гласаат во домашни услови, истакна Билјана Димовска Гичева, претседателка на Општинската изборна комисија – Кочани.

До Општинската изборна комисија во Виница се доставени уште 38 пријави и сите се прифатени, со што вкупно 99 лица ќе гласат во домашни услови.

Во процентуален износ најголем број новопријавени лица во однос на гласањето од пред две недели има во општина Зрновци. Порастот е за двојно поголем, односно ќе гласаат вкупно 22 болни и изнемоштени.

Во Општинската изборна комисија во Чешиново-Облешево добиле уште 39 пријави и вкупниот број сега изнесува 69 лица, за кои е констатирано дека ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

ПСЖ ќе му понуди нов договор на Донарума

Пари Сен-Жермен има намера да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според изворот, парижаните ќе преговараат со 25-годишниот Италијанец по завршувањето на сезоната 2023/24. Управата на клубот сака да го направи голманот капитен на тимот.

Донарума игра за ПСЖ од јули 2021 година. Во сезоната 2023/24 Донарума учествуваше на 40 натпревари во сите натпреварувања, прими 36 гола и ја зачува мрежата чиста 16 пати.

Актуелниот договор на голманот со францускиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

притисни ентер