Усвоена Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески"

Носител на Програмата за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески", која ќе се одвива под покровителство на претседателот на Република  Македонија

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, 2021 година е посветена на великанот на македонската култура, со што нашата земја и официјално се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обединетите нации оваа година да биде Година на мирот и довербата.

Имајќи предвид дека културата и образованието директно влијаат врз градењето на општествената перцепција за вистинските вредности во едно општество, Владата на Република Македонија ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески" која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.

Носител на Програмата за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески", која ќе се одвива под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, е Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Програмата ќе се реализира во текот на целата година, со активности на повеќе институции, министерства, органи на државната управа, здруженија во земјава и во странство, а средствата се обезбедени од Министерството за култура, од Министерството за образование и наука и од Агенцијата за спорт и млади.

Покрај многубројните културно-образовни содржини, во рамките на јубилејот е предвидено Народната банка на Македонија да издаде златна кована монета со ликот на Блаже Конески, а Поштата на Македонија ќе издаде поштенска марка со ликот на великанот на македонската култура, додека настаните ќе се реализираат под унифициран плакат и лого на манифестацијата.

Министерство за култура

Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие

Два пожара на отворено биле евидентирани изминатото деноноќие и покрај врнежите од дожд, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Едниот бил на територија на општина Тетово, а другиот во општината Шуто Оризари.

Според ЦУК, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица - Тетово од 11.20 до 12.10 часот, со двајца пожарникари и едно противпожарно возило, интервенирале на запалена дива депонија во селото Фалише.

Скопските пожарникари од 18.15 до 20 часот синоќа, гаснеле запаленo ѓубре на површина од 10 метри квадратни, покрај патот за Горно Оризари, со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

- Метеоролозите од УХМР најавија дека денеска, а и во наредните неколку дена, во попладневните часови, времето ќе биде локално променливо. Потсетуваме за голема внимателност при локалните нагли метео-промени, особено при грмежи и молњи, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да потсетиме и за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево, се наведува во соопштението на ЦУК.

За 24 часа, ЦУК регистрирал 1.790 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи -112, од коишто „реални“ - 59,86 отсто, а 40,06 проценти - за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 70,42 отсто, кон Итната медицинска помош - 23,75 проценти, а кон пожарникарите - 2,50 отсто од реалните повици.

Винисиус: Јас сум голем обожавател на талентот на Белингем

 Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор зборуваше за неговиот однос со соиграчот Џуд Белингем.

- Јас сум голем обожавател на талентот на Белингем. Направив се што можев за да го натерам да ни се придружи. Се надевам дека Џуд ќе продолжи да постигнува голови и ќе стане најдобар стрелец во шпанското првенство. Имаме одлична врска. Двајцата сме среќни во Реал Мадрид, изјави Винисиус за „Madrid Zone“.

Белингем се пресели во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд во 2023 година. Сезонава за мадридскиот тим одигра 40 натпревари на кои постигна 23 гола и 12 асистенции.

Реал Мадрид веќе ја обезбеди титулата во Ла Лига.

На 1 јуни „Кралевите“ ќе играат против Борусија во финалето на Лигата на шампионите.

СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол.

Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно.

„Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО.

Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол.

Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките.

„Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО.

Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

притисни ентер