Успешен настан на македонските каратисти на Европскиот шампионат, освоени 19 златни медали

 Македонската репрезентација во традиционално карате имаше забележителен настап на ЕТКФ Европскиот шампионат што изминатиот викенд се одржа во Скопје, освојувајќи 19 златни, 18 сребрени и 50 бронзени медали.

Првиот ден се одржаа натпреварите за деца од 6 до 13 години во повеќе дисциплини поединечно и екипно, а македонските натпреварувачи освоија вкупно 16 златни, 15 сребрени и 47 бронзени медали.

Македонските каратисти се закитија со по три златни, сребрени и бронзени медали на вториот ден на кој на програмата беа натпреварувањата во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција. Најуспешни макеоднски претставници беа Берта и Јана Милевски, Дамјан Донев, Бојан Богдановиќ и Ива Ромевска.

На ЕТКФ Европскиот шампионат во Скопје учествуваа вкупно 358 натпреварувачи од 15 држави.

Европскиот шампионат го отвори претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димески, а свое обраќање имаше и јапонскиот амбасадор во Скопје, Казуја Отсука.

Претседателот н (Европската и Македонската федерација, (ЕТКФ и МТКФ) Дејан Недев им додели златни плакети за развој на традиционалното карате во Македонија и Европа на проф. д-р Аце Миленковски, Даниел Димевски, Казуја Отсука, Венцислав Недев, Моше Роках (Израел), Фрањо Хорн (Словенија), Мелек Кошар (Турција), Микеле Романо (Италија), Гудрис Дарвеничиус (Литванија), Павел Томашек (Полска), Петар Скрија (Чешка) и Марко Томиќ (Србија).

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер