Уште две кривични пријави за лица од Кочани кои не ја почитувале домашната изолација, барање да се затворат кафематите

Поднесени се кривични пријави за уште две лица од Кочани за непочитување на мерката за самоизолација, со што досега за вкупно седум е покрената казнена мерка пред Основното јавно обвинителство.

Според информациите од општинскиот Кризен штаб, и двете лица при влез во државата на граничните премини потпишале изјава дека ќе бидат во самоизолација, но по неколкуте проверки, полициски службеници не ги нашле во нивните домови, по што им е поднесена пријава.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев повика да се почитува мерката на Владата со која се забранува собирање во група на повеќе од пет лица во паркови и на други јавни места и површини.

– Од сопствениците на кафематите што се поставени на повеќе локации низ градот бараме истите да ги затворат за да се избегне можноста за собирање луѓе во поголеми групи. Овој повик се однесува и на таканаречените маалски продавници кои едновремено се користат и како места за консумирање пијалаци и собиралишта на луѓето. Поголем број од граѓаните на Кочани ги почитуваат препораките за превенција, за што потврда е намалената фреквенција на луѓе и сообраќај. Сепак, за минимизирање на можностите за ширење на коронавирусот треба да се избегнува групирањето на најфреквентните локации во Кочани, практика од која дел од жителите никако не се одрекуваат. Пред сѐ, станува збор за Плоштадот и Градскиот парк, а забележани се активности од поголем обем и на неколку рекреативни терени во градот, истакна градоначалникот Илијев.

Кон препораките и мерките за заштита од коронавирусот се придржуваат и свештениците од православниот храм „Св. Вмч. Георгиј" од Кочани, при што ги информираат верниците дека ќе биде изоставен традиционалниот водосвет за Велигден.

Комуналните служби во Кочани продолжуваат со редовна дезинфекција на јавните површини, а Мобилниот сервис за домашна посета и службите за социјална заштита од Општина Кочани постапуваат советодавно кон граѓаните кои бараат помош и ги опслужуваат болните, старите и изнемоштените лица за набавка за храна и лекови./МИА

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер