Управата за финансиска полиција, постигна значајни резултати во областа на своето делување

Во изминатиот период од четири месеци, Управата за финансиска полиција, постигна значајни резултати во областа на своето делување, особено во поглед на започнатите постапки и завршените пријави поради сомнеж за сторени кривични дела.

„Можеби најважната работа за нас како Управа е реализацијата на поведени постапки и завршени пријави поради сомнеж за сторени кривични дела. Од вкупно 34 пријави за 2024 година поднесени до Основното јавно обвинителство и Основно јавно обвинителство за сузбивање на организиран криминал и корупција, со вредност од 920.293.788 денари, а во периодот од четири месеци откако сум јас в.д.директор, поднесени се 22 пријави, во вредност од 614.396.321 денари оштетување на државниот буџет, односно пари на граѓаните кои се даночни обврзници. Во овие постапки беа опфатени сите кои се огрешиле пред законот, независно дали биле или се највисоки функционери или стопанственици, кои одлучиле да ја измамат државата“, вели в.д. директорот на Управата, Слободан Ивановски.

Во насока на зголемување на ефикасноста на работата на Управата, во изминатиот период беа преземени неколку значајни чекори за модернизација и дигитализација на процесите.

Извршена е обука на вработените и започната е практичната примена на ДМС системот, кој ќе обезбеди целосна евиденција во електронска форма и ќе донесе поголема сигурност во сите чекори на постапките. Овој систем ќе овозможи брзо и прецизно следење на сите постапки и документи, како и поголема транспарентност во работењето на Управата.

Дополнително, направена е нова систематизација и воведени се нови Одделенија за конфискација, кои ќе ја подобрат оперативната работа и ќе се фокусираат на предмети од оваа област, што ќе овозможи побрза и поефикасна конфискација на нелегално стекнатите средства и имот.

Управата, исто така, склучи меморандуми за соработка со Централниот депозитар, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавни набавки. Оваа соработка ја дигитализира комуникацијата помеѓу овие институции, што ќе обезбеди побрза, поефикасна и транспарентна размена на информации и документи.

Во периодот што следи, Управата за финансиска полиција ќе продолжи да дејствува професионално и неселективно, посветена на постигнување уште поуспешни резултати во борбата против финансискиот криминал, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Узунов: Буџетот за 2025 не е толку развоен како што го претставува Владата

Буџетот за 2025 и не е така развоен како што го претставува владата смета универзитетскиот професор Ванчо Узунов... 

Ќе расте ли јавниот долг, каков економски раст може да очекуваме следната година, растот на платите и пензии беа само дел од темите на кој разговаравме со професорот Узунов....

Узунов предвидува благ економски раст од 2 до 2,5% и следната 2025.

Вели дека економскиот раст не е прашање на желби, што Дедо Мраз треба да го донесе, треба фактори што може да го создадат.

Узунов за есенската и новогодишна потрошувачка кошничка смета дека овие мерки не ги дадоа ефектите што требаше да ги дадат.

Концерт Драган Мијалковски

​Бадниковата вечер нека ви ја исполнат познати звуци испеани од музичката легенда Драган Мијалковски!

Пејте ги и уживајте со незаборавните евергрини од неговата шеесетгодишна кариера.

Имајте прекрасна бадникова вечер со јубилејниот онцерт на драган Мијалковски.

6 јануари со почеток во 20 часот, само на Канал 5 телевизија

Се вжештија линиите на 112 – дневно и 2.000 повици, ама „реални“ се помалку од половина

Празничните денови ги вжештија линиите на 112, системот кој ги обединува сите служби за итни случаи, како што се полицијата, брзата помош и противпожарната... 

Празничните денови ги вжештија линиите на единствениот број за итни случаи 112. Од Центарот за управување со кризи велат дека периодов се соочиле и со низа на бизарни и комични повици, од барања за евакуација од завеани места, до повици за достава на лекови, и нарачки на пица. Од таму велат дека операторите дневно примаат од од 1.500 до 3.000 повици и апелираат граѓаните поодговорно да го користат бројот за итни повици.

Од Центарот сепак, посочуваат дека и невообичаените примери се интересни и за раскажување и делуваат поучно, како за јавувачот, така и за спасителите на терен. Како пример го посочуваат случај минатата нова година, на петнаесетина минути по полноќ, на 112 се јавило лице со траорен глас, кое рекло дека умира од многу студенило, на гробиштата во Бутел.

Од ЦУК велат дека координацијата на терен меѓу полицијата, брзата помош и пожарникарите, е од голема важност и апелираат до граѓаните, безбедноста на нивните животи да ја ставаат на прво место. Единствениот број за итни повици 112 според нив, се потврдил дека е полезен за сите што се нашле во животнозагрозувачка ситуација.

притисни ентер