УНИЦЕФ: Србија шеста во светот по порастот на бројот на заболени од морбили

Бројот на случаите на морбили се зголемува со алармантно ниво ширум светот, а предводници се 10 земји каде се регистрирани три четвртини од новите случаи на мали сипаници, соопшти денеска УНИЦЕФ.

На глобално ниво, 98 земји пријавиле повеќе случаи на мали сипаници во 2018 година во споредба со 2017 година, со што се намалува напредокот против оваа болест која многу лесно се превенира, а е потенцијално смртоносна.

Земја, каде во периодот меѓу 2017 и 2018 година имало најголемо зголемување на бројот на случаите на мали сипаници е Украина со 30.338 заболени, Филипини (13.192), Бразил (10.262), Јемен (6,641), Венецуела (4.916), Србија (4.355), Мадагаскар (4.307), Судан (3.496), Тајланд (2.758) и Франција со 2.269 случаи во тој период.

УНИЦЕФ предупредува дека бројот на случаи на мали сипаници во светот се зголемува до алармантно ниво, а ситуацијата е најкритична во 10 земји, каде се регистрирани 74 отсто од сите случаи. Загрижувачки е и тоа што држави кои претходно биле означени како земји без морбили, сега се зафатени од оваа болест, од која најчесто заболуваат децата.

– Ова е повик за будење. Имаме безбедна, ефикасна и евтина вакцина против многу заразна болест – вакцина која зачувува речиси еден милион животи секоја година во текот на последните две децении, изјави Хенриета Форе, извршен директор на УНИЦЕФ. – Овие случаи не се случија преку ноќ. Недостиг на акција денеска, значи катастрофални последици за децата утре, потенцираше таа.

УНИЦЕФ појаснува дека епидемијата во Србија се случила поради тоа што одредени групи во општата популација не биле вакцинирани, а нивниот број бил доволно голем за да доведе до циркулација на вирусот и ширење на инфекцијата.

Лошата здравствена инфраструктура, граѓански немири, недоволната свест, недоверба и двоумењето за вакцинација во некои случаи предизвикаа епидемија и во развиените земји и во земјите во развој. Така, на пример, во САД регистрирани се 791 случај, што претставува зголемување од шест пати во 2018 во однос на 2017 година. Епидемијата неодамна се појави во Њујорк и Вашингтон.

УНИЦЕФ е загрижен и поради тоа што земји каде во 2017 година немало случаи на морбили, во 2018 има значаен број на заболени. Таа листа ја предводи Бразил со 10.262 случаи, а следуваат Молдавија 312, Црна Гора 203, Колумбија 188 случаи…

– Речиси сите случаи можеле да се спречат, но децата се ранливи на инфекции дури и на места каде нема оправдување за тоа да се случи, рече Форе. -Мали сипаници се болест, но најчесто вистинската инфекција е погрешна информација, недовербата и неодлучноста. Треба да сториме повеќе за да им ја дадеме вистинската информација на родителите за да можеме безбедно да го вакцинираме секое дете, вели таа.

УНИЦЕФ ги повика владите, здравствените работници и родителите да сторат повеќе за спречување на болеста со тоа што ќе сфатат дека вакцините се безбедни и ефикасни и дека можат да ги спасат животите на децата, имунизација на сите деца на возраст од шест месеци до пет години за време на епидемијата и обука и опремување здравствените работници со цел да обезбедат квалитетна услуга.

Малите сипаници се високо заразни, повеќе од ебола, туберкулоза или грип. Вирусот може да се пренесе дури два часа откако инфицираното лице ќе ја напушти просторијата. Се пренесува преку воздух и го инфицира респираторниот тракт, што може да доведе до смрт на потхранети деца или бебиња кои се премногу мали за да ја примат вакцината. Кога се јавува инфекција, не постои специфичен начин за лекување на болеста, а вакцинацијата е единствениот начин да се спасат животите на децата.

Извршена ларвицидна дезинсекција на територија на општина Илинден

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. 

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ– Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.

Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Општина Илинден

Членките на ЕУ не би требало да присуствуваат на инаугурацијата на Путин, порача Борел

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција.

Моето лично мислење е сосема јасно дека земјите членки не треба да присуствуваат на инаугуративната церемонија за новиот мандат на рускиот претседател Владимир Путин во Москва, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното во Брисел на заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка.

- По многубројните дискусии со претставниците на земјите членки, на сите нив им порачав дека според мое мислење не треба да се присуствува на таа инаугурација и мислам дека мнозинството од земјите членки нема да присуствуваат, изјави Борел.

Тој додаде дека неприсуството на церемонијата го смета за правилна одлука, бидејќи како што рече, на крајот Путин е некој против кого има покренато обвинение од страна на Меѓународниот кривичен суд.

- Би било и контрадикторно да се присуствува на церемонијата, ако претходно оценивме дека претседателските избори не беа фер и слободно. Затоа мој совет до земјите членки е да не присуствуваат, нагласи Борел, додавајќи дека сепак на крајот суверена одлука на секоја држава е дали ќе присуствува на церемонијата.

Според последните информации, присуство на нивни претставници на инаугуративната церемонија од членките на ЕУ најавија Словачка, Унгарија и Франција. /МИА

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

притисни ентер