Украинско МО: Ова е Херсон денеска - го гранатираа, поплавија, но не успеаја во ништо

Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која тврди дека го прикажува градот Херсон,  еден ден по поплавата предизвикана од уништувањето на браната во хидроцентралата Нова Каховка.

„Ова е Херсон денеска. Русите се обидоа со се што можеа да го освојат овој град. Испратија војска, го гранатираа, го поплавија. Не успеаја во ништо. Така и ќе продолжи. Како во Херсон, така и на други места во Украина“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Како потсетување, Херсон е единствениот главен град на украински регион што Русите го окупираа на почетокот на инвазијата, а потоа се повлекоа од него под притисок на напредувањето на украинските сили, за на крајот и да го ослободат. /МИА

Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на Тоше

Во Нова Градишка, Хрватска попладнево започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески. 

Четиринаесетте маратонци ќе трчаат низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија, сѐ до Крушево каде треба да стигнат напладне в среда, 16 октомври, на годишнината од смртта на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Тоше загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.

Пред тргнувањето, маратонците положија цвеќиња на спомен обележјето на Тоше во Нова Градишка.

Како што објаснува Наум Капричеваски кој е дел од ултрамаратонот од неговото востановување во чест на Тоше, маратонците цела Хрватска ќе ја поминат штафетно, низ Србија ќе се возат со возила, и се очекува утре, на 15 октомври околу 13 часот да пристигнат на граничниот премин Табановце и да влезат во Македонија. Утре околу 18 часот, маратонците ќе бидат на плоштадот во Скопје, а потоа од 20 часот го продолжуваат ултрамаратонот. Ќе поминат кај Велес, Градско, Росоман, Прилеп, за на 16 октомври, в среда напладне, да пристигнат во Крушево. Во родниот град на Тоше ќе бидат пречекани од учениците од основното и средно училиште кои ќе даруваат 500 рози во чест на Тоше Проески. Крајната цел на маратонците е вечното почивалиште на Тоше Проески, споменичното обележје на Гумење во Крушево.

Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше. /МИА

Министерот Салиу на конференција во Чанакале

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

На покана на претседателот на Федерацијата на европски и балкански ромски здруженија, Хилми Кескин, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу присуствувал на конференција во Чанакале, Турција, каде се зборувало за формирање федерација за заедничко дејствување на невладините организации, соопштија од неговиот кабинет.

На конференцијата се дискутирало за положбата на Ромите во Турција и Балканот, биле разменети искуства од спроведувањето на Стратегијата за Ромите од Берлинската конференција.

- Воедно, посетата на Едрене ја искористив за средби со локалните лидери Роми, кои освен што ни овозможија да размениме знаења, претставуваат зародиш за нови средби и плодни проекти, се истакнува во писмената изјава на министерот.

Кина се закани, доколку е потребно, ќе преземе уште дејствија против Тајван

Кинеското Министерство за одбрана предупреди дека ќе преземе дополнителни дејствија против Тајван доколку е потребно по денешните воени вежби околу островот.

„Народноослободителната армија на Кина ќе ги интензивира своите акции против секоја провокација поврзана со 'независноста на Тајван' додека конечно не се реши тајванското прашање“, се вели во соопштението.

„Денешните вежби не беа повторување на воените маневри одржани во мај, туку претставуваат зголемување на притисокот против независноста на Тајван“, се додава во соопштението на Министерството. /МИА

притисни ентер