УЈП утре треба да го објави списокот на фирми кои ги исполнуваат критериуми за државна помош

Компаниите кои побараа помош од државата утре ќе дознаат дали и колку ги исполнуваат условите за да добијат финансиска поддршка и да ја пребродат Корона кризата.

Управата за јавни приходи утре треба да го објави списокот на фирми кои ги исполнуваат бараните критериуми.

На сметките на 21 542 компании ќе легнат средствата од 14 500 денари по работник за исплата на априлската плата, соопштија од Владата. Не е познато колку работници ќе бидат опфатени и колку пари од буџетот се одвоени за оваа намена.

Парична помош чекаат и околу 6 илјади самостојни вршители на дејност, занаетчии, земјоделци.

Да се ослободат од плаќање данок на доход побараа 800 лица, а од данок на добивка над илјада даночни обврзници.

Сепак, најпогодените сектори се со најмал број апликации. Од 4 500 регистрирани угостители , помош побарале 2 377, од секторот туризам 253, транспорт 2 177, а останатие 16 илјади се од други сектори.

Од Владата се задоволни од реализацијата на економските мерки - велат дека доколку е потребно ќе се применуваат и понатаму. Информираат и дека во тек е подготовка на трет сет мерки насочени кон реконструирање и заживување на македонската економија.

Сепак - угостителство, туризмот и транспортот иако беа мапирани како најпогодени сектори, се и најнезадоволни од економските мерки. 95% од угостителите изразија незадоволство, и постојано алармираат дека им е потребна поголема финансиска помош.

Кафулињата и рестораните скоро 2 месеци не работат воопшто. А, откако Комисијата вчера не препорача олабавување на мерките, останува неизвесно до кога угостителите ќе бидат со клуч на врата. Сепак, тие секојднево во изминатите неколку недели, можеше да се забележи дека полека ги подготвуваат објектите за пречек на гости.

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат 49 или повеќе часа неделно, најмногу во Грција

Во Европската унија во 2023 година, 7,1 отсто од вработените работеле 49 или повеќе часа неделно, што спаѓа во долго работно време, покажуваат податоците објавени од Евростат.

Од земјите на Европската унија најголем удел на работници со долго работно време има Грција, поточно 11,6 отсто, потоа Кипар со 10,4 отсто и Франција со 10,1 отсто.

Најмал удел на вакви работници е забележан во Бугарија, 0,4 отсто, како и во Литванија и Летонија, по 1,1 отсто.

Речиси една третина од самовработените или поточно 29,3 отсто од оваа категорија работат 49 или повеќе часа неделно, додека кај вработените овој процент е значително помал и изнесува 3,6 отсто.

Долгите работни часови најчесто се застапени кај квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, како и кај менаџерите.

Како што пренесува порталот Статиста, вработените со полно работно време во Европската унија во првиот квартал од 2023 година работеле во просек по 40,4 часа неделно.

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Меѓународната академија за спроведување на законот (ИЛЕА) во Будумпешта додели признание за работата и постигнувањата на Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство Скопје.

Пешовска беше избрана како финалист во категоријата “оперативен успех” поради успешна примена на вештините за дигитална форензика во борбата против локалниот и транснационалниот сајбер-криминал.

Успехот на Истражниот центар го истакна и Амбасадата на САД во Скопје. “Американската амбасада е горд партнер на Основното јавно обвинителство Скопје во неговата борба против компјутерскиот криминал и промоцијата на одговорноста”, објави Амбасадата на САД во Скопје за признанието од ИЛЕА.

Пешовска е еден од 17-те истражители во Истражниот центар на ОЈО Скопје.

Истражниот центар е своевидно јадро на обвинителството и бројот на предмети во кои постапувале истражителите за една година е практично речиси удвоен – од 150 предмети во 2022 на над 280 предмети во текот на 2023 година. Истражителите самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.

Најголем дел од опремата за Истражниот центар на ОЈО Скопје е донација од Амбасадата на САД, соопштија од Обвинителството.

Данска ќе им дозволи абортус на малолетни девојчиња без согласност од родителите

Данската влада денеска соопшти дека жените во оваа скандинавска земја ќе имаат право да изберат да ја прекинат бременоста до крајот на 18-та недела од бременоста.

Досега границата за абортус во Данска беше 12 недели.

Данската министерка за внатрешни работи и здравство, Софи Лоде, рече дека „нема медицински докази за сегашната граница, а исто така нема ништо што сугерира дека ќе има значително повеќе абортуси или дека тие ќе бидат извршени многу подоцна ако ја подигнеме границата“.

Измената на законот треба да стапи на сила кон средината на 2025 година. Дополнително, на девојчињата на возраст од 15 до 17 години им се дава слобода да абортираат без родителска согласност или одобрение од специјалистичка комисија.

Данска беше една од првите западноевропски земји што на жените им даде право на абортус по сопствен избор.

Од 1973 година, бремените жени кои живеат во Данска можат да абортираат до крајот на 12-та недела без потреба да наведат причина и без надоместок на трошоците.

И после тоа, абортуси се можни под одредени услови, но потребно е одобрение од комисијата за абортус.

притисни ентер