Убива за еден час! Ова езеро е најсмртоносното место на светот (видео)

Прекрасното езеро Карачај се наоѓа во Русија и толку е убаво што застанува здивот. Но, колку што е убаво, толку е и смртоносно.

Имено, Карачајско езеро официјално е прогласено за најзагаденото место на планетата и за само еден час престој во близина на тоа езеро можете да примите смртоносна доза на радијација. Причина за огромните количини на зрачењето се наоѓа во нуклеарниот погон во близина кој со работа прекинал на 29 септември 1957 година по несреќата во која закажал систем за ладење.
Во текот на 40 - тите години од минатиот век, во близина на езерото се сместила тајна руска фабрика за изработка на нуклеарно оружје и плутониум. Во прашање била советскиот проект за атомски бомби.

Православните верници го слават Велигден

Едногласно да воскрикнеме пред сиот свет Христос Воскресе – Навистина воскресе.

Со овој поздрав православните христијани ширум светот го одбележуваат најголемиот христијански празник Велигден. Христовото воскресение беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква на полноќ, а утрово се одржуваа воскресенски литургии. Централната богослужба се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје , каде чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија Господин Господин Стефан.

Оттаму беше испратена порака до верниците за спотеност, спокојство и меѓусебно почитување.

-Што е можно побргу да се освестиме и да се обединиме како народ и молитвено да притекнеме кон Бога. Со кое право некои сеуште се обединуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата кога сета Македонска почва е напоена со просветителските дејанија на Македонските црковно просветни дејци. Како што не потклекнаа нашите прадедовци така и ние како нивни потомци и како доследни носители на аманетот доверен од нив да не дозволиме отсапки пред оние кои што постојано посегнуваат по нашето најсвето, вели отец Сашо.

На полноќ со прогласувањето на Христовото воскресение, заврши и седум неделниот велигденски пост. По причестот, верниците утрово се помолија за здравје и благодет.

- Посакувам прво здравје, среќа, љубов, благосостојба, мир.

- Здравје, среќа за семејството и мир насекаде да има.

- Многу желби имаме, здравје, многу здравје, пред се здравјето е најбитно., Христос Воскресе, дојдовме за здравје за убавини за мир и нека биде се добро.

Според Христијанското учење Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите, подарувајќи вечен живот на оние што веруваат во него. Велигден според јулијанскиот календар, покрај во Македонија и соседството се слави и во Украина, Молдавија, Русија, Либан, Египет и Етиопија како и меѓу останатите православни верници во Африка и блискиот исток.

Инзаги: Сакам сите од сегашниот состав да останат и за следната сезона

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази надеж дека клубот ќе може да ги задржи клучните играчи во новата сезона.

Во текот на оваа сезона, „нероазурите“ убедливо ја освоија титулата во Серија „А“, со само два порази во 35 кола - двата против Сасуоло, од кои вториот беше синоќа.

-Веќе разговарав со управата и кажав дека сакам сите од сегашниот состав да останат и следната сезона. Со оглед на тоа колку натпревари треба да одиграме, потребен ни е поголем состав, а не пократок, прокоментира Инзаги, кој го направи Интер шампион на пет кола пред крајот.

Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик

Денес е 5 мај - Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

​Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:

• Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонски јазик, како и на неговите дијалекти;

- задолжително изучување на македонскиот јазик од страна на сите ученици од прво одделение;

- задолжително познавање на македонскиот јазик при стекнување државјанство;

- задолжителна примена при брендирањето и јавното рекламирање;

- задолжителна примена на сообраќајните знаци;

- задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;

• Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;

• Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;

• Владино спонзорирани онлајн - часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;

• Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);

• Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица - која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;

• Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите - со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.

притисни ентер