Убиствата на интернет, монструозен тренд во глобални рамки

Кога пред четири години 31-годишниот Дерек Медина од Флорида го најави убиството на својата сопруга на Фејсбук, а потоа смртно ја застрела и објави фотографии на интернет, светот остана шокиран.

Од тогаш се случија дузина убиства поврзани со социјалните мрежи, а страотниот тренд продолжува и денеска.. Убиецот од Фејсбук, како што го нарекоа Медина е осуден на доживотен затвор.

- Во соседството важеше за таинствен и необичен. Не зборуваше многу, но сите не вџаши со она што го стори, изјави сосед на Медина
Последен ваков случај пред пет месеци ја згрози Германија. 19-годишно момче искасапи 9-годишно дете, кое било негов сосед и објави снимка од убиството. Чудовиштето од Бохум како што го нарекоа Марсел Хесе е уапсен по три дневна потера. Во неговиот подрум полицијата пронајде и масакрирано тело на 22-годишно момче.
По апсењето делуваше студено и без никакви емоции. Не покажа трошка каење, само навести дека повторно би убил, изјави Клаус Питер Липфаус, шеф на полицијата во Богум

Монструозноста на интернет го достигна својот врвот во април годинава, кога Американец цели три часа го прикажуваше убиството на 74 годишен старец. Убиецот Стив Стивенс потоа се самоуби, а кај него беше пронајдена снимка од моментот како ја запознава жртвата. Злосторството го извршил поради невозвратена љубов.

- Кажи Џој Лајн? Зошто? Кажи Џој Лајн. Таа е причината за се она што ќе ти се случи, вели убиецот во конверзацијата со жртвата

Кај најголем дел од убијците, психолозите препознаваат психичко нарушено здравје, трауматично минато или силно чувство за одмазда.

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница

 Кавадаречката полиција ноќеска околу 1 часот по полноќ го лишила од слобода Д.А. (36) од Кавадарци, кој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години.

Како што информираат денеска од МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.

Баерн ќе се обиде да го привлече Бруно Фернандеш доколку Тухел остане

Баерн Минхен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, тврди „Билд“. 

На тренерот на баварците, Томас Тухел му се допаѓаат квалитетите на португалскиот репрезентативец и ќе инсистира да го привлече на „Алијанц арената“ доколку тој самиот ја задржи функцијата.

Се поверојатна изгледа опцијата Тухел да остане на кормилото на баварците. На крајот на февруари беше најавено дека стручњакот ќе замине на крајот на сезоната, но со оглед на големиот број имиња кои одбија да го заменат на клупата, и двете страни со задоволство би ја продолжиле соработката.

За да се согласи да остане во Баерн, Тухел сака да му биде продолжен договорот и да има збор во изборот. Бруно Фернандеш е меѓу новите засилувања кои ги посакува Германецот. На списокот на Тухел се наоѓаат и Тео Ернандез од Милан и Жоао Палиња од Фулам. Јосип Станишиќ по позајмица ќе се врати во Баер Леверкузен.

Според различни информации, во трансфер плановите на Баерн се и Френки де Јонг, Чави Симонс, Асан Ведраого, Крис Фирих, Андре Онана и Јонатан Та.

Дејвид Коперфилд обвинет за сексуална злоупотреба од повеќе жени

Повеќе жени го обвинија американскиот илузионист Дејвид Коперфилд за сексуална злоупотреба. Настаните се случувале во распон од неколку десетлетија, објави британски „Гардијан“.

Од 16 жени, некои биле и помлади од 18 години кога наводно се случило она што го тврдат. Коперфилд беше обвинет за недолично однесување и во 2018 година, кога жена по име Бритни Луис тврдеше дека тој ја дрогирал и сексуално ја нападнал три децении претходно. Натаму, три жени тврдат дека Коперфилд ги дрогирал пред секс. Настаните, според можните жртви, го опфаќаат периодот од доцните 1980-ти до 2014 година.

Коперфилд (67) одрекува каква било злоупотреба и „никогаш не постапувал несоодветно кон никого, а не пак, кон малолетник“, нагласуваат неговите адвокати.

Коперфилд претходно беше „под лупа“ и поради неговите врски со обвинетиот сексуален подведувач Џефри Епстин, кој почина во затвор во 2019 година.

„Нашиот клиент не беше свесен за грозоморните злосторства на Епстин... Како и остатокот од светот, и тој дозна за тоа од печатот“, тврдат адвокатите на Коперфилд.

Друга жена, која доби псевдоним во печатот, сведочи дека го запознала илузионистот по еден негов настап, кога имала 15 години. Таа раскажува дека следниве години, тој ѝ се јавувал доцна во ноќта и ѝ испраќал подароци, а кога наполнила 18 години, вели, двајцата имале консензуални односи.

притисни ентер