Убиецот од Цетиње бил апсен поради поседување оружје, меѓу убиените и две деца

Десетина лица се убиени денеска во престрелка во ресторан во населбата Бајице во Цетиње, Црна Гора соопшти црногорската полиција.

Се уште нема официјална потврда за точниот број на жртви, но РТЦГ јавува дека убиени се седум лица, од кои две се малолетни.

Во крвавиот инцидент има и ранети. Во соопштението се наведува дека престрелката се случила во попладневните часови, кога А.М застрелал и убил неколку лица, а потоа побегнал, јавуваат црногорските медиуми. По убиството во Цетиње, осомничениот ги убил и децата на газдата.

РТЦГ пишува дека осомничениот се вика Ацо Мартиновиќ и дека претходно бил во конфликт со Д.К., кого го сретнал во кафана. Мартиновиќ потоа отишол дома да го земе пиштолот, се вратил во таверната, каде убил и ранил неколку лица. После тоа отишол во Хумци, каде ги убил децата на кафанаџијата и една жена.

Милош М., неговиот брат близнак Марко и снаата Марија беа убиени вечерва во невиден масакр во Цетиње, кој го започна Ацо Мартиновиќ (45), кој уби најмалку 10 лица, а по кој се уште се трага!

Убиецот Ацо Мартиновиќ направил крвава гозба во кафана во центарот на Цетиње и во таа прилика го избодел со нож сопственикот на таверната Мирко В., кој им подлегнал на повредите. Мартиновиќ пред масакрот се вмешал со Д.К., братот на тешко ранетиот полициски инспектор.

Во таква состојба Мартиновиќ отишол кај сестра си и таму ги убил сестра си и шурата, како и нивните деца. Иако првите информации беа дека се убиени, всушност се тешко ранети, прашање е дали сега се меѓу живите и колку куршуми биле испукани кон нив. Децата им подлегнале на повредите.

овеќе од 100 полицајци од Подгорица отишле во Цетиње, каде што се случил масакрот. Како што соопшти премиерот Милојко Спајиќ, четворица се во болница на операција. Војската на Црна Гора е во состојба на готовност, додека за трагичната смрт е прогласена тридневна жалост. Полицијата активно трага по напаѓачот, кој е вооружен и опасен, а граѓаните се апелираат да не излегуваат од своите домови.

Според нивните сознанија, Мартиновиќ не е поврзан со ниту една организирана криминална група, но од порано бил препознаен како лице со афективно однесување и бил уапсен за недозволено поседување оружје.

Аморим по ремито со Ливерпул: Има причина да бидам лут

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран по ремито 2:2 на гостувањето кај Ливерпул.

Португалецот смета дека неговиот тим ја заслужил победата.

-Дозволено ми е да бидам единствената личност која е вознемирена од тимот. Очекувањата пред натпреварот беа сосема поинакви од она што се случи. На другите натпревари повеќе се лутам бидејќи се уште не можам да сфатам некои работи. Проблемот не е во шемата на игра или во техниката, но јасно е дека нешто друго не кочи, но тешко ми е да го разберам. Добивме бод, но мораме да бидеме полути и разочарани отколку што бевме по поразот на Њукасл. Има причина да бидам лут, но сакам да се смирам за да можам да ги кажам вистинските работи. Се наоѓаме во тешка ситуација и мора да продолжиме да се бориме за да излеземе од неа, изјави Аморим.

Трент Александар-Арнолд не е расеан од гласините за трансфер во Реал Мадрид, вели Слот

Трент Александер-Арнолд не е расеан од гласините за преселба во Реал Мадрид, изјави менаџерот на Ливерпул, Арне Слот откако англискиот репрезентативец одигра далеку под неговите стандарди во ремито 2-2 со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Александар-Арнолд привлече критики за несигурниот настап, а најгласен беше стручњакот на „Скај спортс“, Рој Кин.

-Постојано зборуваме за тоа колку добар играч е Трент и колку може да биде подобар. Сепак, начинот на кој тој играше во одбраната беше на ниво на ученик. Се шпекулира дека претстои преселба во Реал Мадрид, но со својот настап попрво треба да оди во Транмере Роверс, тој треба да игра далеку подобро од тоа, рече Кин.

Запрашан дали Александар-Арнолд бил деконцентриран од извештаите за трансфери или новиот договор со Ливерпул, Слот рече: „Мислам дека не. Веројатно 9 од 10 луѓе би рекле дека е, но јас сум десетти. На него влијаеше играњето против Бруно Фернандеш и Диого Далот, кои се португалски интернационалци и одлични фудбалери“.

Коди Гакпо и Мохамед Салах ги постигнаа головите за „црвените“, кои остануваат на врвот на табелата во Премиер лигата со 46 бодови, шест повеќе од второпласираниот Арсенал. „Црвените“ имаат и натпревар помалку, откако средбата со Евертон во декември беше одложена поради лошите временски услови. Единствениот пораз на тимот дојде против Нотингем Форест во средината на септември.

-Се чувствуваме како да сме испуштиле два поени. Сепак, тоа беше тежок натпревар. Беше слично на Нотингем Форест бидејќи стилот на двата тима е сличен. Тие се бранат длабоко и со многу луѓе. Тие не ризикуваат кога ја имаат топката во свои нозе. Не е лесно да се игра против такви тимови, додаде Слот. /МИА

УНРВА: Седум бебиња починаа во Газа од студ бидејќи немале засолниште

Најмалку седум бебиња починаа од студеното време бидејќи немале засолниште во Газа, соопшти Агенцијата за помош на палестинските бегалци при ОН (УНРВА).

Според објавата на УНРВА на платформата Икс, до 7.700 новороденчиња во конфликтната зона живеат во несоодветни услови, резултат на судирите меѓу Израел и милитантната група Хамас, пренесува денеска ДПА.

Палестинската новинска агенција WAFA во декември објави дека четири бебиња починале од хипотермија.

Повеќе од 15 месеци борби оставија стотици илјади Палестинци без домови. Раселените живеат во шатори кои не нудат соодветна заштита од студот и дождот, со температури што паѓаат под 10 степени Целзиусови.

Израелската управа за палестински прашања (COGAT) објави на Икс дека соработува со меѓународни хуманитарни организации како Rahma Worldwide за обезбедување шатори, ќебиња, топла облека и хигиенски производи за жителите. /МИА

притисни ентер