Уапсени 17 затворски полицајци од КПУ Идризово,дел од нив се сомничат за поврзаност со осуденик

Вкупно седумнаесет затворски полицајци од затворот Идризово се уапсени како осомничени дека овозможиле или помогнале во бегство на осуденик за убиство.

Според информациите се работи за Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, во скопското криминално подземје познат како Мали Репки осуден на осум и пол годишна затворска казна за убиство пред две години а се поврзиваше и со други кривични дела како изнуди и рекетирања на бизнимени.

Тој избегал на 26 октомври лани, а на шестмината затворски полицајци кои денот во две смени биле задолжени да го обезбеудваат добија 30 дневен притвор.

-Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со патничко возило да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници.- ОЈОГОКК

Истиот осуденик и претходно во повеќе наврати кога бил спроведуван во болница, со амин на затворската полиција со часови излегувал по што пак се враќал. Дека ова му го овозможиле обвинителството води предистрага за 11 припадници на затворската полиција за кои се бараат мерки за претпазливост..

-Во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.- ОЈОГОКК

Денешната акција доаѓа неколку дена по големиот претрес во Идризово во кој според информациите биле пронајдени голем број на недозозволени предемти, но засега ниту МВР ниту Обвинителството не соооштуваат дали има осомничени и за кои дела.

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните во борба за менување на владеачката структура

Димитриевски од Битола ги повика граѓаните да се придружат во борбата  за менување на владеачката структура која се однароди и од членството на СДСМ и од народот.

Караванот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по Охрид и Ресен, беше и во Битола. Претседателот на Движењето ЗНАМ За наша Македонија, Максим Димитриевски, носителката на листата за кандидати за пратеници во ИЕ, Весна Бендевска, како и другите кандидати имаа повеќе средби со граѓаните.

Во изјавата за медиумите во Битола, Димитриевски рече дека ЗНАМ се формирал како политички субјект заедно со граѓаните и се афирмира како нова политичка сила во Македонија.

„Нашата цел е да работиме согласно програмските определби, од граѓаните, заедно со граѓаните и за граѓаните“, рече тој и упати порака до сите чесни социјалдемократи дека вратата на ЗНАМ е отворена за нив.

„Ги повикувам заедно да работиме на менување на оваа владеачка структура којашто се однароди, не само од сопственото членство, туку и од народот. Истите тие кои се претставуваат дека се наводно потомци на АСНОМ-ци, а всушност ги избришаа АСНОМ-ските постулати од Уставот на Македонија“, потенцира Димитриевски и ги повика сите да се придружат за да ја водат оваа борба заедно до крај.

„Да победиме на овие избори и во иднина да бидеме коректив на секоја власт и на секоја опозиција во државата од позиција на трета политичка сила, која се вика Движење ЗНАМ –За наша Македонија“, рече тој.

Носителката на листата за Ие 5, Весна Бендевска потенцира дека ЗНАМ добива се поголема и помасовна поддршка во очи на парламентарните избори на осми мај.

„Сега сите знаеме дека сме на вистинската страна“, рече Бендевска и ги повика граѓаните да го заокружат бројот седум, затоа што Движењето ЗНАМ знае како заедно со граѓаните да ја подигне Македонија на нозе и да ја води државата достоинствено и чесно, се наведува во партиското соопштение.

Вооружени напаѓачи среде бел ден ја убиле мисицата на Еквадор (23) (Вознемирувачко видео)

Мис на Еквадор, Ленди Парага е убиена во градот Кеведо додека била во ресторан, а сѐ е снимено од надзорните камери и сега на социјалните мрежи се шири вознемирувачкото видео.

Таа имаше 23 години. Полициската истрага е во тек, пишува Дејли мејл.

На видеото се гледаат двајца вооружени напаѓачи како влегуваат во ресторанот, додека Ленди Парага и еден маж стојат покрај масата. Додека парот разговарал, напаѓачите влегле во ресторанот и испукале неколку куршуми кон двајцата и веднаш го напуштиле објектот и побегнале.

Инаку, Парага беше натпреварувачка за Мис Еквадор и ја претставуваше провинцијата Лос Риос во 2022 година. Таа има над милион следбеници на социјалните мрежи. На само 23 години, таа стана сопственик на компанија за увоз на предмети за домаќинството и води сопствена линија на спортски чевли.

Нејзиното име беше споменато во декември 2023 година во пораките објавени од канцеларијата на јавното обвинителство, поврзани со голем случај на организиран криминал што го истражуваа. Едно од 52-те лица кои се под истрага во овој случај е Хеливе Ангуло, попознат по прекарот Естимадо.

Во разговорот, тој му рекол на дилерот на дрога Алехандро Нортер, со чиј имот управува, дека полицијата го испрашувала за Парага. „Ако мојата сопруга најде нешто за неа, јас сум готов“, напишал Нореро. „Пријателе мој, нејзиното име нема да се појави никаде“, го добил договорот.

Нореро е убиен во затвор во 2022 година, шест месеци откако беше затворен. Трансферите на пари на сметката на Парага се под истрага на јавното обвинителство.

Повеќе полицајци се повредени во пукотница во САД, помагаат специјалци: Избегнувајте ја областа

Повеќе полицајци биле застрелани при пукање во Шарлот, Северна Каролина, според полицијата.

Полициската управа во Шарлот-Мекленбург извести дека на местото на настанот биле застрелани „многубројни“ полицајци, пренесува Фокс њуз.

Како што е наведено, до 14 часот и 16 минути по локално време ситуацијата се уште се сметала за активна, а повредените биле пренесени во локалните болници.

„Избегнувајте ја областа“, велат од полициската управа. „Многу улици се затворени за да се овозможи побрзо транспортирање до амбулантите. Ве молиме да соработувате со властите.“

Во 14 часот и 23 минути полицијата потврди дека екипа на СВТ е на лице место.

Полицијата ги повика жителите да останат во своите домови.

„Тимот SWAT е на лице место и продолжува да работи на инцидентот“, се вели во полициското соопштение на платформата X. „Ова останува активна ситуација. Ве молиме избегнувајте ја областа“.

Fox News Digital побара повеќе информации до полицискиот оддел во Шарлот-Мекленбург, но засега нема.

притисни ентер