Твитер ветувања

Браво за твитерџиите кои секоја недела се активни.

Штета што не можеме да го кажеме истото и за нашите познати личности.
Па затоа се фативме да анализираме. Боки 13 без збор е најактивен на социјалните мрежи од сите наши јавни фаци. Кај него често можеме да прочитаме секакво мислење за било која тема. Другите молчат.

За разлика од нашите познати, нивните колеги од северот дури се натпреваруваат кои повеќе следбеници ќе има. На твитер, освен Покојна Милева, со следбеници водат Владо Ѓеорѓиев и Јелена Карлеуша. Кај нив може да прочитате и критика и мислење, фалби и по некој лош збор. Затоа одиме со твитерџиите.

А тие оваа недела имаа своја кампања. Посакаа да се градоначалници. И започнаа со идеи и пропаганда.

Добивме ветувања за отворање на стриптиз клубови, за легализација на проституцијата, за реновирање на студентски домови. Покрај ветувања има и казни. На пример ако имате јавно запросување тогаш ќе треба да платите 500 евра. А казните одат и до Голи Оток.

Има и нескромни кои не сакаат да бидат градоначалници. Повеќе им одговара министер, премиер и претседател.
Твитерџии никогаш не се знае. Може меѓу вас се кријат идните функционери. До следната недела само твитајте си.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер