ТВ дуел Заев-Мицкоски е можен во секое време, останува да се прецизира времето и локацијата

Премиерот Зоран Заев е подготвен во секое време и на која било национална телевизија да дебатира на сите теми од интерес за јавноста на евентуален лидерски дуел.

Kој апсолутно ќе се случи, а останува само да се прецизира времето и локацијата, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, по вчерашното барање од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за ТВ дуел со премиерот.

- Основен принцип на работата на премиерот Заев е отвореноста и така функционира и Владата. Наназад со години бараме дуел, секогаш сме биле подготвени, комуницираме двонасочно и како Влада секогаш сме отворени за дуели, дебати, новинарски прашања на прес-конференции, рече денеска Бошњаковски.

Како што напомена, последниот премиерски дуел во државава беше во 1998 година, односно пред цели 20 години.

На редовната прес-конференција Бошњаковски наведе и дека можеби ВМРО-ДПМНЕ се во право оти не е точна бројката за советници на поранешниот премиер Никола Груевски што ја објави вчера Владата, затоа што, како што вели, таа ќе биде многу поголема откако ќе се најдат и обработат податоците за периодот од 2006 до 2010 година.

- Опозицијата излезе со информација вчера дека бројката од 91 можеби и не е точна. Можно е да се во право бидејќи податоците од 2006 до 2010 година не се обработени, така што сигурно бројката ќе биде многу поголема од 91 советник. Во моментот, со бројот на советници на Никола Груевски од 2010 до 2016, сумата е тројно поголема од советниците на актуелнииот премиер Зоран Заев, што значи во моментот кога ќе ги најдеме, а ќе ги најдеме документите од 2006 до 2010 година, оваа сума сигурно ќе биде повеќе од тројно поголема, рече Бошњаковски.

Владината прес-служба вчера објави дека за 91 советник и надворешни соработници на поранешниот претседател на Владата Груевски годишно биле издвојувани 1,73 милиони евра.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер