Трудо најави примена на ретко користениот Закон за вонредни ситуации во Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави дека ќе ги активира ретко користените овластувања за итни случаи за да стави крај на протестите кои ги блокираа граничните премини и парализираа делови од главниот град.

Протестите наречени „Конвој на слободата" ги почнаа канадските возачи на камиони во спротивставување на мерките со кои се бара од возачите на камиони кои ја минуваат границата или да бидат вакцинирани или ставени во карантин, а сега им се приклучија и други противници на политиката на Трудо.

-Блокадите и штетат на нашата економија и ја загрозуваат јавната безбедност, рече Трудо на прес-конференција.

„Не можеме и нема да дозволиме продолжување на незаконските и опасни активности", додаде тој.

Полицијата во неделата ја укина шестдневната блокада на мостот „Амбасадор", што минува низ главната трговска маршрута до Детроит. Но, во пограничните градови Виндзор, Онтарио и главниот град Отава, протестите влегуваат во својата шеста недела и расте незадоволството меѓу критичарите кои сметаат дека полицискиот пристап е премногу благ кон демонстрантите.

Законот за вонредна состојба ѝ дозволува на федералната влада да примени специјални привремени мерки за да обезбеди безбедност во итни случаи. Законот досега е имплементиран само еднаш, во 1970 година, а спроведе таткото на Трудо, премиерот Пјер Трудо.

Премиерите на Алберта, Квебек, Манитоба и Саскачеван се спротивставија на законот, велејќи дека тој е непотребен.

Трудо рече дека мерките ќе бидат „географски ограничени, насочени само кон оние места каде што е потребна нивна примена" и „временски ограничени".

Примената на законот ќе треба да биде одобрена од канадскиот Парламент, што, исто така, има овластувања да го отповика.

7-месечно бебе починало по операција во болница во Охрид, дома паднало од импровизиран кревет

Пад од импровизиран кревет бил кобен за седум месечно бебе од Вевчани.

Бебето, според пријавеното било примено во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид вчера околу 16 часот, со хематом на главата и со констатирано мозочно крварење. И покрај извршената операција, бебето починало. Неврохирургот Мичун Мичуновиќ, од болницата Св. Еразмо , кратко, во телефонски разговор рече дека лекарите дале се од себе да го спасат животот на седум месечното бебе.

Од СВР Охрид велат дека се работи на расветлување на случајот.

По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.

- Јавниот обвинител, со цел да ги расчисти причините за тоа како настанала повредата на бебето, како и да испита дали стручниот персонал ЈЗУ „Св. Еразмо“ постапувал согласно протоколите и процедурите, издаде насоки за прибирање докази. Прибавена е целокупната документација од болницата, издадена е наредба за обдукција на бебето во Институтот за судска медицина во Скопје, се вршат разговори со семејството и блиски лица, а се проверува и медицинската историја на детето и на мајката,- - Јавно обвинителство.

Наводно, мајката пред да го однесе бебето во болницата „Св. Еразмо“ побарала помош од повеќе лекари кои само ја преупатувале до нивни колеги и други установи.

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

притисни ентер