Триумф на Манчестер Јунајтед во трка за Лигата на шампиони

Екипата на Манчестер Јунајтед забележа значајна победа на гостувањето кај Кристал Палас со 2:1, во меч од 36.коло на англиската фудбалска Премиер лига. Со оваа победа Манчестер Јунајтед, не само што ја прекина серијата од три порази во низа, туку и се зацврсти на 4-место на табелата, кое води квалификациите во Лигата на шампиони следната сезона.

Манчестер Јунајтед поведе со гол од пенал на Хуан Мата во 19-минута. Во вториот дел односно 57-минута, Џејсон Пунчеон го израмни резултатот на 1:1.

Белгиецот, Маруан Фелаини со погодокот во 78-минута го постигна победничкиот гол за Манчестер Јунајтед, со кој „црвените ѓаволи’’ освоија значајни три бода во борба за четвртото место, на кое претендира и Ливерпул.

Тоа ќе зависи и од денешниот дуел меѓу Челзи и Ливерпул, во кој доколку Челзи слави победа, Манчестер Јунајтед на две кола до крајот ќе го осигура четвртото место.

Покрај, дербито Челзи – Ливерпул, денеска ќе се игра и натпреварот Манчестер Сити – К.П.Р., додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Арсенал – Свонси.

Табела: Челзи 83 бодови, Манчестер Сити 70, Арсенал 70, Манчестер Јунајтед 68, Ливерпул 61, Тотенхем 58 ...

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер