Трипуновски: Власта има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра

СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои им следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. 

Алармиравме и посочувавме дека има дупка во Платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017, 2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

– Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите средства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од претходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без средства за исплата, односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1.000 денари, изјави Трипуновски.

Тој информира дека на 28 декември Владата донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање на заостанати долгови.

– На 10 јануари Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од Владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени, за по 14 дена да признаат дека лажеле. Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои на земјоделците им следуваат согласно закон. Тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра, рече Трипуновски. Им порача на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. /МИА

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер