Трипуновски: Да не се повтори 2019 година, една од најтешките за водоснабдувањето

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска од Тиквешкиот регион порача надлежните да не дозволат да се повтори 2019 година која, според него, била една од најтешките за водоснабдувањето.

Тој апелира и да се исплатат сите субвенции, како и сите дополнителни мерки за земјоделците.

– Целта на мојата денешна посета на пунктната станица Марена е да извршам увид за она што ми го потенцираат земјоделците, дека во овој регион има проблеми со водоснабдувањето. Од она што можев да го видам и во објектот е дека речиси ниту една пумпа не е во функција, а тоа значи дека не може да дистрибуира вода во дел од општина Кавадарци и дел од општина Неготино. Пред да дојдам на оваа локација бев и во општина Неготино каде исто така направив увид на еден дел од каналот наречен 59 каде што има проблеми во дистрибуцијата на вода, а тоа значи дека и во тој дел на оваа општина ќе има тешкотии со снабдување со вода за полевање на земјоделските површини, изјави Трипуновски.

Дополнителниот заменик-министер и вчера во Овчеполието, како што рече, констатирал проблеми со снабдување со вода.

– Не треба да се повтори 2019-та што беше квалификувана како една од најтешките години во однос на водоснабдувањето. Затоа и овие мои посети и целиот мој ангажман и мојата улога како дополнителен заменик министер ќе ја употребам за да ги анимирам и АД „Водостопанство" и министертот Димковски и Владата да изнајдат средства за да се санираат овие штети во системот за наводнување речиси на цела територија зашто лицемерно е, од една страна да се кажува дека земјоделците треба да произведуваат и да ја прехранат земјава во овие тешки времиња на светска пандемија, а од друга, да не се инвестира ниту денар во санација и изградба на нови системи. Да се посвети внимание на овој сегмент зашто е многу битен. Водата е е еден од најважните ресурси потребни за земјоделското производство. Независно дали е тоа од тиквешкиот регион за лозарството, дали е за градинарството во струмичкиот, дали е за овчеполието за другите земјоделски култури неминовно е да се посвети сериозна грижа. Не ни требаа лажен популизам, не ни требаат лажни мерки кои се практично неспроведливи на терен и немаат никаков ефект. Потребна е реална и суштинска помош за земјоделците, истакна Трипуновски.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер