Трио Таксим од Истанбул го отвори четвртото издание на „Џез фест" во Тетово

Со двочасовен настап на Хусну Сенлендиричи, Исмаил Тунчбилек и Ајтач Доган членови на Трио Таксим од Истанбул, Турција вчера вечер започна четвртото издание на „Џез фест 2019" во центарот за култура во Тетово. 

Тројцата музичари на кларинет, баглама и канун го презентираа музичкото наследство на Турција во џез форма. Во текот на настапот триото на сцената го повика 10 годишниот ученик Ерденај Салиу од Тетово со кого комуницирале од порано за да тој да настапи заедно со нив со неговиот кларинет.

-Овој четврти по ред „Џез фест" укажува дека манифестацијата стана сериозен уметнички бренд кој ќе ја промовира џез културата во нашата земја. Тетовскиот џез феставал со својата куса но значајна уметничка биографија е една од манифестациите кај нас кои со одличниот избор на музичари овозможи и Тетово да биде дел од глобалната џез сцена, рече на отворањето министерот за култура Хусни Исмаили.

Четвртото издание на „Џез фест" ќе понуди пет настапи на музичари од вечерва до недела 15 септември во Центарот за култура во Тетово.

-Отворањето е вечерва со почеток во 20 часот со главните гости на фестивалот „Таксим Трио" кои доаѓаат од Истанбул, Турција. Врз основа на традиционалната турска музика инкорпорираат класичен џез. Втората вечер настапуваат браќата Тавитијан, едни од најпознатите музичари од Македонија со интернационална кариера заедно со Рани Круја музичар по потекло од Мароко. Рани Круја соработувал со Стинг, Питер Габриел, Принц, Ени Ленокс, Чик Кореа и многу други, информираат организаторите.

Линда Рукај гитаристка од Албанија, настапува во петок од 20 часот со музичари од цела Европа, додека гитаристот Агрон Пени од Косово со бендот на четвртата вечер во сабота во истиот термин. Фестивалот завршува со настапот на музичари од цела Македонија во недела од 19 часот како квинтет заедно со вокалот Нита Речи од Струга. /МИА

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги ќе го преземе Вест Хем.

Информацијата за преземањето Лопетеги на тренерската функција на „чеканите“ од следната сезона, објави новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според него страните постигнаа договор, останува само да се потпише договорот.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани Лопетеги, но самиот тренер повеќе сакал да работи во Англија.

Вест Хем по 36. кола од тековната сезона во Премиер лигата освои 49 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот.

Сегашниот тренер на премиерлигашот од Лондон, Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање

Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа.

Благодарам за можноста да се обратам. Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни.

Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа.

Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.

Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.

Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

УХМР: Период на променливо и нестабилно време

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.

притисни ентер