Три заштитни зони и контролирана урбанизација во охридскиот регион

Се интензивираат комуникациите со УНЕСКО, на политичко и експертско ниво, нешто што недостасувало долги години наназад.

Владата сериозно го интензивира процесот на имплементација за препораките на УНЕСКО, кои се спроведуваат согласно предвидената временска рамка, а Нацрт-планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат.

Ова беше истакнато на денешната заедничка средба со новинарите на министерот без ресор задолжен за дијаспората и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми со градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска и Зоран Павлов од Управата за заштита на културното наследство.

– Се интензивираат комуникациите со УНЕСКО, на политичко и експертско ниво, нешто што недостасувало долги години наназад. Нацрт планот за управувањето со природното и културното наследство во охридскиот регион, како и студијата за проценка на влијанието на истиот, се финализираат. Во транспарентен процес планот ќе биде доставен на увид на јавноста на интернет страниците на Министерство за култура, на Министерството за животна средина и просторно планирање, и на општините Охрид и Струга, во траење од 60 дена, информираше Адеми на средбата со новинарите.

Министерот Адеми истакна дека во Буџетот се издвоени 50 милиони денари за ЈП „Колекторски систем" за оваа фискална година, како и дополнителни 88 милиони за финансирање на долговите на ЈП „Проаква", која досега управуваше со колекторот.

Петровска информираше за активностите поврзани со формирањето на меѓуресорскиот совет за заедничко управување со природното културно наследство во охридскиот регион.

Дополнително Петровска акцентот на брифингот за медиумите го стави на Нацрт планот за заштита на природното и културното наследство на охридскиот регион, кој што е усогласен со општините Охрид и Струга, и кој утврдува воведување три заштитни зони и на воспоставување контролирана урбанизација, веднаш по донесувањето на Законот за урбанистичко планирање кој веќе е во постапка во Собранието на Република Македонија. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

притисни ентер