Три институции ќе го истражуваат падот на полицискиот хеликоптер

Скопското обвинителство, Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и Комисија во МВР ќе ги истражуваат причините за падот на полицискиот хеликоптер.

Дали се работи за пилотска грешка, неисправност на леталото или силниот ветар ќе покаже истрагата. Остатоците од превртениот хеликоптер на МВР од типот МИ 17 се подигнати од старата платформа кај старата зграда на скопскиот аеродром по завршениот увид на самото место. Ќе се чува во посебен хангар.

Од Обвинителството велат дека ако се утврди пропуст од човечки карактер ќе отвори кривична постапка.

- Обезбедени се видео записите од камерите на аеродромот, како и аудио снимките од комуникацијата на пилотот со контролата на летот. Извршен е првичен разговор со пилотот и со уште четири лица од екипажот на хеликоптерот. Во зависност од обезбедените докази како и од наодите во извештајот на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, ќе изготви извештај за незгодата, и во зависност од обезбедените докази ќе бидат утврдени причините за хеликоптерската несреќа.-ЈОРМ.

Полицискиот хеликоптер откако наполнил гориво на резервоарот падна кратко по полетувањето на планираниот тренажен лет. Во него имало петмина припадници на МВР, а само еден помина со полесни телесни повреди.

Станува збор за транспортер набавен во 2009та а бил од руско производство. Иако од нашите институции нема официјален одговор, српскиот воздухопловен портал Танго 6 пишува дека тешко оштетениот МИ 17 е еден од двата хеликоптера во сопственост на македонското МВР кои во 2017 и 2018 биле на ремонт во Воздухопловниот институт Мома Станјловиќ во Батајница. Руската компанија Руски хеликоптер била главен изведувач на ремонтот, додека српскиот Завод бил подизведувач.

Ова е трет хеликоптер од типот МИ 17 кој падна, но за среќа не однесе човечки жртви. Првиот во 2008та кај Катлановско Блаце во кој загинаа 11 припадници на АРМ, потоа во 2014та од истиот тип во сопственост на МВР хеликоптер МИ 17 се урна кај индустриската зона во Струмица кога загинаа четворица припадници на МВР.

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер