Три години родители се карале за име на бебето, конечно се вмешал и судот

Не е невообичаено паровите да се караат околу имињата на бебињата, но тоа обично не завршува на суд.

Но, на брачен пар од јужната индиска држава Карнатака им била потребна судска интервенција по тригодишна битка за името на нивниот син, објави Би-Би-Си.

Всушност, тепачката на крајот станала толку гадна што за малку ќе довела до развод.

Сè започнало во 2021 година, кога неименувана жена родила момче и отишла во домот на нејзините родители на неколку недели, што е вообичаена практика во Индија жените да одат во куќата на нивните родители по раѓањето за да се одморат и закрепнат. Тогаш мажот треба да дојде и да ги врати мајката и бебето во нивниот дом.

Но, кога тогаш 21-годишната жена одбила да го прифати името што нејзиниот сопруг го избрал за нивниот син, тој се налутил и не отишол да ја земе.

Мајката го именувала својот син Ада – комбинација од првата буква од нејзиното име и дел од името на нејзиниот сопруг.

Но, месеците се претвориле во година, а таа сè уште била во куќата на нејзините родители и на крајот отишла во локалниот суд барајќи финансиска поддршка од нејзиниот сопруг. Сепак, спорот на крајот толку ескалирал што таа на крајот барала развод и алиментација бидејќи била невработена.

Случајот првично бил поднесен во локалниот суд, но подоцна бил префрлен во таканаречениот Народен суд, кој се занимава со случаи кои можат да се решат со спогодување.

Но, и покрај бројните сугестии од судиите, парот останал цврст во својата одлука – додека конечно не се договориле за името што го избрал судот.

Детето сега се вика Арјавардана, што значи „благородно“.

Двојката потоа разменила венци, симбол на прифаќање според индиската традиција, и очигледно среќно си заминале да го продолжат својот брак.

Ова не е единствениот случај во последните неколку години во кој индиски суд мора да се вклучи кога е во прашање изборот на име на детето.

Во септември минатата година, едно дете не можело да се запише на училиште откако било откриено дека неговиот извод од матичната книга на родените е празен. Мајката се обратила до судот објаснувајќи дека се обидела да го запише детето во матичната книга на родените, но службениците одбиле да го пополнат формуларот бидејќи таткото - од кого била разделена - не бил присутен.

Високиот суд ѝ наредил на писарницата да го прифати името предложено од мајката и да го додаде името на таткото.

Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите

Државниот пазарен инспекторат велат дека се на терен и вршат контроли со цел како што велат, да се утврди како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите месеци.

Контролите се спроведуваат кај добавувачите, производителите и маркетите.

-Апелираме до сите трговци, да се придржуваат до акцијата и да не го надоместуваат намалувањето на цените на производите од кошницата со зголемување на други прехранбени производи. Свесни сме дека за дел од производите станува збор за берзански производи и дека оттаму доаѓа и промената на цените, но сепак сметаме дека може да се најде најповолно решение и за трговците и за граѓаните. Доколку трговците и понатаму продолжат со нелогично зголемување на цените, односно не ги намалат на цените маслото, јајцата, месото и месните производи, млекото и млечните производи ќе предложиме Владата да донесе одлука со која ќе мора да се намалат цените, се вели во соопштението.

Битиќи: Власта нанесува удар врз системот на транспарентно управување со буџетите

„Имаме тенденција на заобиколување на клучните институции кои треба да обезбедат независност и стручност во управувањето со јавните финансии.“

Оваа практика е дополнително зајакната со фактот дека предложените измени се носат без официјално мислење од Министерството за финансии – институцијата што е директно одговорна за дизајнирање, спроведување и надзор на фискалната политика,“ рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во однос на Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, за кој денес се расправаше на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

Битиќи оцени дека изоставувањето на мислењето на министерството за финансии не е само административен пропуст, туку и отворено игнорирање на неговата стручна улога, што остава простор за импровизации и политички влијанија. Според него, ова го поткопува целиот процес на носење на измени во закон кој има системско значење.

„ Отсуството на мислење сугерира дека или предложените измени се политички наметнати без консултација со ресорното министерство, или дека министерката за финансии не го користи својот авторитет за да ја одбрани важноста на професионалниот пристап во оваа клучна реформа. Дали премолчувањето на игнорирањето на Министерството е показател дека министерката не се согласува со предложените измени, но е принудена да молчи? Или, пак, ова е сигнал дека овие измени се политички диктирани и не се базираат на стручни анализи?“, запраша пратеникот Битиќи.

Осврнувајќи се на бришењето на одредби од Законот буџети, во кои е прецизирано кои јавни субјекти се регистрираат, Битиќи појасни дека регистарот останува, но останува и недефинирана обврската за тоа кој „активно се ажурира“.

„Ова претставува чекор наназад во однос на транспарентноста. Овој регистар беше основна алатка за јавноста и институциите да ги следат активностите на буџетските корисници и јавните претпријатија. Се отвора простор за прикривање и недоследности, што директно го удира кредибилитетот на јавните институции“, рече Битиќи.

Зборувајќи за укинувањето на одредбите кои ја регулираат формата и содржината на извештаите за извршување на буџетот, како и на полугодишните извештаи за извршување на буџетот на државата и општините, Битиќи истакна дека ова станува збор за удар врз доследноста во известувањето.

„Кога ќе се отстрани обврската Министерството за финансии да пропишува унифицирана форма и содржина на извештаите, се отвора простор за непотполни, селективни и неусогласени податоци. Овие извештаи се клучни за јавниот увид во трошењето на средствата и за контролата од страна на институциите и граѓаните. Со ваквите измени, директно се намалува можноста за транспарентна контрола на јавните финансии, што претставува длабоко загрижувачки чекор наназад за демократската отчетност и довербата во јавните институции“, рече Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

САД излегуваат од Светската здравствена организација, познат е датумот

Членовите на транзицискиот тим на Доналд Трамп ја поставуваат основата за повлекување на САД од Светската здравствена организација (СЗО) на првиот ден од неговиот втор мандат, според експерт за здравствено право запознаен со разговорите.

„Имам веродостојни информации дека планира да се повлече, веројатно на првиот ден или многу рано во неговата администрација“, рече Лоренс Гостин, професор по глобално здравје на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон и директор на Центарот за национално и глобално право за здравје при СЗО, објави Ројтерс.

„Фајненшл тајмс“ прв ги објави плановите, цитирајќи двајца експерти. Друг експерт, поранешен координатор на Белата куќа за одговор на Ковид-19, Ашиш Џа, не бил веднаш достапен за коментар.

Транзицискиот тим на Доналд Трамп не одговориле веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Планот, кој е во согласност со долгогодишната критика на Трамп кон Обединетите нации и СЗО, ќе означи драматичен пресврт во американската глобална здравствена политика и дополнително ќе го изолира Вашингтон од меѓународните напори за борба против пандемијата.

Трамп номинираше неколку критичари на организацијата на врвни позиции во јавното здравство, вклучително и антиваксерот Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој е номиниран за секретар за здравство и човечки услуги. Овој оддел ги надгледува сите големи американски здравствени агенции, вклучувајќи ги ЦДЦ и ФДА.

Во 2020 година, Трамп иницираше едногодишен процес за повлекување од СЗО, но шест месеци подоцна неговиот наследник, претседателот Џо Бајден, ја смени таа одлука.

Трамп тврдеше дека организацијата не ја повикала Кина на одговорност за раното ширење на Ковид-19. Тој постојано ја нарекуваше СЗО марионета на Пекинг и вети дека ќе ги пренасочи американските придонеси кон домашните здравствени иницијативи.

Портпаролот на СЗО одби директно да коментира, но го повика Ројтерс на забелешките на генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција на 10 декември, кога беше прашан дали е загрижен за можноста администрацијата на Трамп да се повлече од организацијата. Тедрос тогаш рече дека СЗО треба да им даде време и простор на САД за транзицијата. Тој, исто така, изрази уверување дека земјите би можеле да го финализираат договорот за пандемии до мај 2025 година.

Критичарите предупредуваат дека повлекувањето на САД може да го ослабне глобалниот надзор на болести и системите за одговор при итни случаи.

„САД би го изгубиле влијанието и важноста во глобалното здравје, додека Кина би го пополнила тој вакуум. Не можам да замислам свет без силна СЗО, но повлекувањето на САД сериозно ќе ја ослабне оваа организација“, рече Гостин.

притисни ентер