Тресонче одбележува два века од раѓањето на Дичо Зографот

Селото Тресонче денеска и утре одбележува два века од раѓањето на Дичо Зографот. По овој повод, здружението на граѓани „Брзовец" организира „Меморијал Дичо Зограф".

Според програмата, викендов ќе се одржат неколку културно-спортски манифестации.

-Одбележувањето ќе почне со тркaта „Бистра Trail Run 2019″, планинско трчање што го организира „Прв до Врв" од Скопје. Следува чествувањето на Дичо Зографот во храмот „Св. Петар и Павле" со пригодна прослава и обраќања, а отворени ќе бидат и Меморијалниот парк „Дичо Зограф", Спомен-чешмата и Спомен-собата на големиот македонски иконописец и уметник, под покровителство на Општина Маврово-Ростуше и „Брзовец" од Тресонче, вели за МИА Славчо Куноски, еден од организаторите на Меморијалот.

Попладнето во сабота, од 14 часот, по прогласувањето на победниците во трката „Бистра Trail Run 2019", ќе стартува трката во планински велосипедизам ХЦО МТБ „Меморијал Дичо Зограф", организирана од „В.К. Енерџи"од Скопје и „З.Г. Брзовец", под покровителство на „ТРИГЛАВ Осигурување". И за оваа трка ќе бидат доделени медали и награди на најдобрите.

Во недела програмата почнува уште во девет часот, со стандардните тури по Бистра – „Bistra Adventure 2019" во организација на „Прв до Врв" од Скопје (голема тура по падините на Бистра, мала тура до Гари и Лазарополе, мала тура до Галичник).

-Организацијата на Меморијалот траеше 12 – 13 месеци. Обезбедивме наши средства, но целосна поддршка ни дадоа и Општината Маврово – Ростуше, како и Националниот парк „Маврово". Идејата произлезе во декември лани, кога на последниот сотанок на нашето здружени „Брзовец" во Скопје, еден од членовите кој го изчува Дичо, потсети дека годинава ќе се направат два века од раѓањето на големиот зограф. Толку ни требаше. Веднаш формиравме работни групи чија цел беше да обезбедат финансии и да направат план за манифестацијата. Во април, пак, ни се роди идеја комплетно да ја реставрираме во етно стил старата соба во црквата „Св. Петар и Павле" каде на времето Дичо сликал, но и да ја направиме грандиозна, како што прилега, старата чешма во дворот на црквата. Чешмата е со плоча на која е испишана посвета од неговите Тресончани, објаснува Куноски.

Според него, интерсот за меморијалот е голем, а поканети, освен сите добронамерници, се и претставници на државниот врв, амбасадори, градоначалници, претставници од МПЦ и од манастирот „Св. Јован Бигорски". /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер