Тренерот на Црвена звезда негира дека има конфликт со Перо Антиќ

Тренерот на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Душан Алимпиевиќ, на вонредна прес-конференција соопшти дека Перо Антиќ не играл поради проблеми со повредата, а гласините дека постои нетрпение во клубот ги отфрли како невистинити.

Алимпиевиќ на конференцијата, која ја свика претседателот на клубот Небојша Човиќ, а на која присуствуваа и Антиќ и Бранко Лазиќ негираше дека дошло до физичка пресметка со капитенот .

- Мислам дека Лазиќ и јас сме доволно морални, кога нешто такво навистина би се случило еден од нас да не биде во клубот, истакна Алимпиевиќ.
Тренерот на „црвено-белите“ исто беше критикуван дека нема добар однос со еден од најискусните во екипата, македонскиот интернационалец Антиќ.
- Јас не можам да го скротам Перо? Што требаше да направам, да му ги скршам стапалата? Тој веќе даде многу повеќе од она што зборувавме телефонски кога дојде. Човек со голема кариера и три освоени титули од Евролигата. И ние треба сега да му го уништиме стапалото? Не ми паѓа на памет“, наведе Алимпиевиќ.

На прес-конференцијата и Антиќ го потврди кажаното од страна на тренерот.

- Имаме доверба во Дуле. Тој е тренер и ние работиме онака како што ќе ни каже, и покрај разликите, нагласи Антиќ.

Повод за оваа вонредната прес-конференција беа пишувањата во српските таблоиди за наводната тепачка меѓу Алимпиевиќ и капитенот Бранко Лазиќ, како и за постоењето на конфликт меѓу тренерот и Антиќ.МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер