Трамп и Трудо три часа разговарале во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида

 Канадскиот премиер Џастин Трудо и новоизбраниот американски претседател се сретнаа денеска во резиденцијата на Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, откако Трамп се закани дека ќе воведе високи царини за канадските производи .

Канадскиот премиер Џастин Трудо и новоизбраниот американски претседател се сретнаа денеска во резиденцијата на Доналд Трамп во Мар-а-Лаго, откако Трамп се закани дека ќе воведе високи царини за канадските производи доколку земјата не го спречи пристигнувањето на мигрантите и протокот на дрога преку нејзината граница во САД.

Како што наведува добро информиран извор, вечерата траела три часа, а во текот на разговорот двајцата разгледале повеќе теми како што се трговијата, безбедноста на границите, одбраната, Украина, НАТО, односите со Кина, како и Состанокот на групата Г7 во Канада следната година, јави магазинот Тајм.

Трамп претходно се закани дека на Канада и Мексико ќе им воведе царини од 25 отсто на сите производи што влегуваат во САД доколку не го запрат протокот на мигранти и дрогата фентанил преку нивната граница.

Канадскиот премиер е првиот лидер на Г7 кој го посети Трамп по претседателските избори на 5 ноември.

Тимот на Трамп не сакаше да коментира за што разговарале двајцата официјални лица за време на средбата, а ниту канадскиот премиер, пренесува Тајм.

Трудо претходно предупреди дека воведувањето тарифи може сериозно да ги загрози трговските односи меѓу Канада и САД, вклучувајќи го и договорот НАФТА, што потоа беше ревидиран за време на мандатот на Трамп.

Трамп ја упати заканата со царини во контекст на борбата против илегалната миграција и трговијата со дрога, особено фентанилот, за кој тврди дека доаѓа од Мексико и Канада.

Зоран Кардула автор на логото „80 години Македонски народен театар“

Македонскиот уметник Зоран Кардула го создаде логото „80 години Македонски народен театар“ по повод 80-годишниот јубилеј на најстарата национална професионална театарска институција Македонски народен театар (МНТ).

- Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот - 80 години. Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери, се вели во соопштението.

МНТ, како што се наведува, се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред се насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.

Фото: Српска пејачка ужива во топлес

Русокосата Ивана Бум Николиќ важи за една од најубавите пејачки од српската естрада. 

Таа често се фотографира во провокативни пози, а нејзиниот Инстаграм е полн со коментари од нејзините следбеници.

Популарната Ивана отпатува на жешките Кариби каде ги почести фановите со топлес слики.

Имено, пејачката ужива на Карибите, од каде упати поздрав до своите следбеници, додека ужива на терасата на еден од луксузните хотели таму.

Казахстан: Причините за падот на азербејџанскиот авион се уште не се познати

Претседателот на Сенатот на Казахстан Маулен Ашимбаев изјави дека причините за вчерашната авионска несреќа на азербејџанскиот „Ембраер 190“ во близина на градот Актау сè уште не се познати.

- Ниту Азербејџан, ниту Русија, ниту Казахстан имаат интерес да ја кријат вистината. Сите достапни информации ќе бидат споделени со јавноста, изјави Ашимбаев.

Според досегашните информации, 38 лица загинаа во несреќата. Авионот летал од Баку кон Грозни, а во него се наоѓале 67 патници.

Претходно денеска, директорот на украинскиот Центар за борба против дезинформациите, Андриј Коваленко на Телеграм објави дека патничкиот авион на „Азербејџан ерлајнс“ бил погоден од руската противвоздушна одбрана.

притисни ентер