Трајановски вети продолжување и проширување на улицата „Борис Трајковски“

Трајановски за поранешна Првомајска:Ова е најклучна сообраќајна артерија на овој дел од Скопје.


Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски и кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ го презентираа проектот за продолжувањето со реконструкција и проширување на булеварот „Борис Трајковски“ (поранешна Првомајска) кон населеното место Драчево.

- Ова е најклучна сообраќајна артерија на овој дел од Скопје, поради што веќе започнавме со реконструкција и проширување на оваа улица. Досега во две фази ја реконструираме на потегот од „Рампа“ до крстосницата со улицата „Народни херои“ во должина од 1.380 метри, и во втората фаза од булеварот „Србија“ до почетокот на поранешната фабрика стаклара во должина од 1.200 метри. Со тоа жителите на Кисела Вода добија нов модерен, брз и ефикасен булевар. Ние нема да запреме тука и ќе продолжиме со реконструкција и проширување кон населеното место Драчево за што во изборната програма се предвидени 120 милиони денари, изјави Трајановски на презентација на проектот.

Тој додаде дека динамиката на реконструкцијата и проширувањето на овој дел од улицата „Борис Трајковски“ ќе зависи од решавањето на бројните имотно правни проблеми, напоменувајќи притоа дека за реализација на претходните фази се решени околу 440 вакви случаи.

Со реализацијата на овој проект, рече актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Скопје Коце Трајановски, ќе продолжиме со подобрувањето на сообраќајот во овој дел на Скопје, каде од оваа сообраќајница зависат околу 150.000 жители.

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат 1 Мај

Турската полиција интервенираше за да спречи групи кои сакаат да стигнат до плоштадот Таксим во Истанбул за да учествуваат во демонстрации по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, кои се забранети од властите, објави турскиот весник „Хуриет“.

Дојде до судирите меѓу полицијата и демонстрантите и дел од нив се приведени.

Турските власти претходно оваа недела објавија дека ги забрануваат првомајските демонстрации на централниот плоштад Таксим во Истанбул и предупредија на планирани терористички напади во метрополата за празникот.

Во различни делови на Турција вчера беа приведени 58 осомничени откако беше утврдено дека учествувале во подготовка на провокации по повод Денот на трудот, а денеска следуваа серија нови апсења на 41 лице во акција против Исламската држава.

Во рамки на мерките за 1 мај, од утрото се затворени патиштата кон централниот истанбулски плоштад Таксим. Властите идентификуваа вкупно 40 места во Истанбул за одржување настани по повод Денот на трудот, чие обезбедување ќе го следат над 42.000 полицајци. /МИА

15 годишник најмлад пациент со мозочен удар

25 илјади пациенти во статистиката биле запишани дека минатата година имале мозочен удар.

15 годишен пациент е најмладјиот на клиниката за неврологија. Неврохирургот Рендевски вели дека бројката се зголемува и на клиниката за неврохирургија, но и расте бројот на мозочни удари и кај млади луѓе. Причина за мозочните удари се нерегуларниот висок притисок. Емотивниот стрес, големата количина на храна со сол е причина за високиот притисок. Неврохиругот Рендевски вели дека многу често високиот крвен притисок се игнорира но последиците се големи и со ризик за губње на живот. Она што е важно е лекувањето по хеморагичните мозочни удари. Неврохирургот Рендевски и биологот Алексовски со години ја истражуваат маркерките кои по прележаниот удар покажуваат како ќе се лекува пациенотот. Преку математички формули определуваат како биомаркерите влијаат вра развојот на отокот по ударот.

Истражувањето е објавено во престижното медицинско списание Интеч Опен во Лондон го објави истражувањето „Двете страни на глутаматот“ маркер кој е најодговорен за лекувањето по прележан удар.

Рендевски и Алексовски веруваат дека со развојот на ова истражување ќе се направи фокус во лекувањето кај пацинтите со мозочен удар.

Утре нов обид да се намалат ценита на осигурителните полиси

Утре во министерството за финасии ќе има нов состанок каде повторно ќе се разговара, дали граѓаните ќе продолжат да плаќаат за 15% повисоко на осигурувањето за регистрација на возилата.

Одлуката доаѓа откако и покрај предлогот на финасии да останат старите цени пред 25 Април осигуртелние компании наплатуваат по повиски цени. По утрешниот состанок се очекува да се достави предлог со цени до владата за формирање на нов тарифник со кои ќе се влијае на намалување на цените. Владата ќе ја донесе конечната одлука на седница кои цени ќе останат. Според извори од Агенцијата за супервизија со податоци за Канал 5 објаснуваат зошто цените на задолжителната автомобилска одговорност не треба да се зголемат.

Според добиените податоци, за 2023 година за штети осигурителните компании исплатиле 39,3 милиони евра што претставува само 45%од парите наплатени од осигурениците. Додека наплатата била 65милиони евра. Во однос на претходниот тренд бил дека осигуртелните компании исплаќале и до 50% од собраните средства. Вкупно за 2023 година се исплатени над една милијарда денари провизии за продажба на автомобилско осигурување. Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари. Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

Оправдувањето на осигурителните компании одлуката за зголемување на цената на осигурителната полиса за 15,4 ‘ ја оправудваат дека повеќе од десет година цената не е промената, а трошоците им се зголемиле.

притисни ентер