Трајанов: Робусна војна против корупцијата и криминалот, законите да важат за сите и да се запире процесот на миграција

Отворање робусна војна против корупцијата, криминалот, затоа што организираниот криминал разорно дејствува врз сите институции, принципот на владење на правото да се разбере многу пошироко.

Да се направат системски промени, уставни промени со цел законите да важат за сите поеднакво и идната влада да подготви сеопфатна програма за запирање на процесот на миграција од државава кон другите држави, се трите приоритети на Демократскиот сојуз, кој се подготвува за предвремените парламентарни избори и почнува со трибини и средби со граѓани, а паралелно ја подготвува изборната програма.

Ова денеска го истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов пред почетокот на трибината на таа партија насловена „Македонија на крстопат".

– Ние сме подготвени за самостојен настап, но исто така сме отворени за соработка со другите политички партии. Неодамна имавме средба со коалициските партнери, но и таму кажав ние сме за соработка, но сакаме прво да ги видиме приоритетите на другите политички партии, рече Трајанов.

Во врска со приоритетите на партијата, тој посочи дека сите зборуваат за владеење на правото, но повеќе од јасно е дека ние сме партизирана, високо исполитизирана држава, партијата која е на власт секогаш и сега одлучува за сите работи, а институциите не се функционални.

– Затоа мислам дека овој принцип владеење на правото мора да се разбере многу пошироко, да се направат системски промени, уставни промени со цел законите да важат за сите поеднакво. Трето за кое ќе се залагаме е идната влада да подготви сеопфатна програма за запирање на процесот на миграција од државава кон другите држави. Значи не само да биде како флоскула дека сите се залагаме за запирање на овој процес, туку со конкретни мерки и активности младите да сакаат да останат тука, да ја градат сопствената држава, да видат дека тука може да се живее подобро, додаде Трајанов.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер