Трагична судбина на сопругата на Лијам Нисон- ѝ ги исклучил апаратите што ја одржувале во живот

Љубовната приказна на Наташа Ричардсон и Лиам Нисон е една од најубавите, но и најтажните.

Имено, тоа што Лиам требало да го направи, ретко кој би имал сила да го направи истото. Кога беше најмногу заљубен во Наташа, мораше да ја исклучи од апаратите.

Нејзиниот последен здив го означи крајот на една голема љубов, која тешко дека ќе се повтори.

Наташа Ричардсон и Лијам Нисон се сретнале за прв пат кога добиле улога во филмот Ана Кристи во 1993 година. Лијам е шармантен маж кој е многу убав, на која било возраст, но во тоа време бил познат по тоа што имал многу жени, додека Наташа била во брак со продуцентот Роберт.

Имале одлична хемија и на сетот и надвор од него, вели Лиам, кој тогаш изјави: „Никогаш не сум имал таква експлозивна хемија со актерка. На крајот, Наташа по разводот му се врати на Лијам Нисон, без оглед на угледот на актерот.

„Мило ми е што жените се заљубуваат во него бидејќи знам зошто“, забележала Наташа.

И покрај нивното страсно додворување, Нисон не бил премногу заљубен во Наташа во раните фази на нивната врска, претпочитајќи да ги задржи своите чувства за себе. На нејзиниот роденден тој всушност ѝ испратил честитка со следнава порака. „Ме фати. Многу љубов, Оскар“.

Наташа ја вознемирил недостатокот на страст во пораката, сметајќи дека е банална и звучи како писмо до пријател. Затоа решила искрено да го праша за иднината на нивната врска.

Нејзината искреност го охрабрила Лијам да биде искрен со себе во врска со своите чувства, и тој препознал дека ја засакал токму тогаш и таму. „Ова е реално и оригинално и нешто што треба да се заштити“, рекол Нисон.

Откако и двајцата ги препознале своите чувства, се венчале во 1994 година на фарма во Њујорк за да ја прослават својата љубов. Биле толку посветени еден на друг што кога Лиам Нисон добил улога во филмот Нел, и Наташа се обидела да добие улога во филмот. Тие го добиле своето прво дете, Мајкл Ричард Антонио Нисон, околу една година подоцна. Наташа неочекувано повторно забременила веднаш по породувањето, а во 1996 година парот го добил Даниел Џек Нисон.

Во 2009 година, семејството заминало на одмор во Квебек, Канада, каде што уживале во радостите на снегот. Наташа Ричардсон, бидејќи не знаела да скија, ангажирала инструктор и со него почнала да ги учи основите. Во еден момент, на почетниот терен, таа паднала и ја удрила главата.

Бидејќи не носела заштитен шлем, ударот на левата страна од главата бил премногу силен и предизвикал пукање на крвните садови во мозокот, што на крајот се покажало како фатална повреда. Лијам Нисон притрчал кон својата повредена сопруга, која во тој момент сè уште била будна и му рекла: „Среќа, паднав на снег“.

Иако итно била пренесена во болница, повредите биле претешки. Познатата актерка паднала во кома, а лекарите му рекле на Нисон дека ни чудо не може да ја спаси бидејќи мозокот ѝ бил мртов.

Свесен за сѐ, дошол до нејзиниот болнички кревет, ја фатил за рака и почнал нежно да ѝ зборува, велејќи ѝ дека ја сака: „Љубов моја, за жал повеќе нема да се разбудиш. Ударот во главата беше премногу силен. Не знам дали можеш да слушнеш, но треба да ти го кажам сето ова. Ќе се вратиш во Њујорк и ќе дојдат сите твои пријатели и семејството“.

Дури подоцна актерот открил дека тој и Наташа имале договор дека, доколку едниот од нив заврши во кома, другиот ќе биде доволно силен да ги исклучи сите уреди за одржување во живот. Лиам Нисон го одржал ветувањето. Машините биле исклучени, а нејзиното срце, бубрезите и црниот дроб биле донирани на други луѓе.

Тажното е што Лиам Нисон играл речиси идентично реално сценарио неколку години претходно, во филмот „Love Actually“ од 2003 година. И таму неговиот лик, по име Данијел, ја изгубил сопругата и живописно се опишани неговата борба по загубата, како и воспитувањето на неговиот син.

Тагата поради загубата на неговата сакана сопруга е сè уште присутна, но актерот навистина мораше да се потруди напорно за своите синови, особено за постариот Мајкл, кого смртта на мајка си го вовлече во депресија и зависност. Во 2014 година завршил на рехабилитација откако го допрел дното и токму тоа му помогнало да се врати на вистинскиот пат.

Но самиот Нисон не можеше да се помири со нејзината смрт и утеха најде во алкохолот. Како што откри во 2014 година за магазинот GQ, престанал да го прави тоа во 2013 година.

„Почнав да пијам премногу, а сѐ започна со нејзината смрт. Пиев само пино ноар, никогаш не ме интересираа жестоки пијалоци. Но, потоа, откако почнав да добивам сѐ повеќе улоги, сфатив дека тоа не ми треба. "

Откако починала Наташа Ричардсон, Лијам Нисон беше официјално поврзан само со Фреја Ст. Џонстон, но таа врска одамна завршила. Има гласини, кои и самиот ги призна, дека конечно во неговиот живот има жена која му ја вратила вербата во љубовта. За неа само рекол дека е „неверојатно позната“, но дека не сакал да го каже нејзиното име за да не ја посрамоти.

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер