Традиционален Божиќен ручек за 400 деца во Прилеп

Околу 400 деца од повеќе делови на земјава по 19-ти пат денеска традиционално седнаа на заеднички Божиќен ручек во Прилеп. Организатор е Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп.

- На Божиќниот ручек се деца од Прилеп, Битола, Крушево, Кавадарци, Скопје, Струмица, Штип.... Ги има од повеќе целни групи: деца без родители, деца од згрижувачки семејства, деца со попречености, но сите се едно. Божиќниот ручек ја носи пораката за чување на вредностите за еднаквост, љубов и мир и дека детската среќа е над сѐ. Се надевам дека оваа традиција ќе ја одржуваат идните поколенија, изјави Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.

Божикќиот ручек традиционално го благослови владиката Петар.

- Децата се нашата сегашност и нашата иднина. Тие се основата на семејството. Без нив нема ништо. Не може да постои општеството, ниту Црквата, рече владиката Петар.

Прилепските градски власти на сите, околу 400 деца на Божикниот ручек, им даруваа пакетчиња и им го честитаа големиотпразник – Божиќ.

- Да има мир, спокој, детска насмевка. Децата да бидат безгрижни во семејството, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

На традиционалниот Божиќен ручек, што се одржа во прилепскиот хотел „Салида“, членовите од студиото „Зодијак“ од Прилеп изведоа програма за децата. Беа поделени признанија за општествено одговорните фирми и поединци.

Традиционалниот Божиќен ручек се одржа под мотото „Едно небо за сите деца“.

Аерозагадувањето урива рекорди- Скопје меѓу најзагадените во светот, во Струмица воведени мерки

За разлика од Скопје, во Струмица денеска беше активиран алармот. 

Скопјани и утрово се разбудија дишејќи ексетремно загаден воздух, главниот град утринава повторно се најде на 2 место на светската и прво на едвропската листа на најзагаедни градови, но според надлежните тоа не е доволно за активирање на мерки, како што денеска беше случај со Струмица.

Од министерството за животна средина велат за да се превземат итни мерки во Скопје потребно е во два последнователни дена на 2 мерни станици да имаме измерено среднодневна концентрација на ПМ 10 над 150 микрограми на метар кубен, што според министерството досега не се случило за да се превземат мерки за надминат праг на алармирање. Но уверуваат дека преку акциски план кој содржи 11 точки, кој ни беше испратен со краткорочни мерки ќе се подобрува амбиенталниот воздух, а како активнсоти кои ќе се спроведуваат се:

„Правилно користење на огревно дрво за домашно греење, вонредни инспекциски надзори за контрола на А и Б интегрирана еколошка дозвола и елаборати за што се предвидени и казни, инсталациите со континуиран мониторгин да овозможат јавен пристпа до иземерените податоци, вонредни контроли на станиците за технички преглед на возила, со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисија на издувни гасови, вонредни контроли на техничка исправност на возилата, редовно чистење на атмосферските шахти и миење на улици и тротоари, вонредни контроли на градилишта, контрола на оџаци, строга забрана за горење на отворено.“- Акциски план, краткорочни мерки за чист воздух за 2024 – 2025

И додека надлежните преку акцискиот план ќе се борат со загадувањето , граѓанските оргназицаии и лекарите велат мора да се превземат итни мерки.

Од итната помош велат зачестени се повиците од пацинети со хронични белодробни заболувања, лицата со кардиолошки проблеми, а загадениот воздух се повеќе негативно влијае и на помладата популација. Лекарите препорачуваат што е можно помалку време да се поминува на отворено, да се зајакнува имунитетот, а лицтаа со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата.

„Имавме интервенции одеа екипи на итната медицинска помош каде што дополнително покрај нивната терапија се даваше и терапија од наша страна за да се подобри нивната акутна состјба што се влошила.... Знае и кај помладата популација кој што имаат слабо белодробие, слаба плуќа што викаме, настинале, носот им се затнал па вендаш им се спушта на долни дишни патишта, тие пацинети знаат овој период да влошат состојба, брзо да се накалеми бактериска инфекција, така да тие инфекции на белодробието се лечат многу подолготрајно кога би било во други ситуации кога би ја немале оваа загаденост и кога не би биле присутни тие честички... имаат проблеми не само хроничарите има ситуации каде што доста млади поради загаденоста на воздухот знаат да страдаат и нивниот тек на лечење на едно респиратоно заболување се лекува подолг временски период....“- Д-р Александра Пејоска

За разлика од Скопје, во Струмица денеска беше активиран алармот. Поради екстремното загадување ќе се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А и Б интегрирани еколошки дозволи, ќе се прави вонреднА контрола на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила, ќе се интензивираат вонредни контроли на градилиштата, се забранува горење на отворено, а се препорачува и да не се организизраат спортски натпревари и други манифестации на отворено, да се реорганизира работното време на лица кои работат на отворено, како и да се ослободат од работа бремени жени, лица постари од 60 години, како и лица со хронична астма, или прележан миокарден инфаркт или мозочен удар.

Синиша Мали: Целта е просечната плата во Србија да достигне 1.000 евра во декември 2025 година

Мали во објава на Инстаграм истакна дека се дефинирани петте најважни цели за 2025 година.

Првиот вицепремиер и министер за финансии на Србија, Синиша Мали денеска објави дека првите две цели за 2025 година се напредокот на државата во лигата на земји со инвестициски кредитен рејтинг и дека просечната плата во Србија во декември да достигне 1.000 евра.

Мали во објава на Инстаграм истакна дека се дефинирани петте најважни цели за 2025 година, а тоа се - раст од 4,2 отсто, со што БДП за првпат во историја на Србија, завршување на најмалку 150 километри нови автопати и експресни патишта во Србија, како и да има најмалку 100 земји кои ќе го потврдат своето учество на Експо 2027 година.

„Јавните финансии ни се стабилни, имаме доволно пари и продолжуваме да работиме и да ја градиме Србија“, објави Мали./МИА

Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери

Украинската војска соопшти дека извршила напад врз нафтена база во рускиот град Енгелс, која служи за снабдување на воениот аеродром каде што се сместени стратегиски бомбардери.

Според генералштабот на Украина, нападот предизвикал повеќе експлозии и голем пожар во нафтениот склад „Кристал“, кој, како што се наведува, е клучен за снабдување на аеродромот „Енгелс-2“. „Овој напад создава сериозни логистички проблеми за руската стратегиска авијација и значително ја намалува способноста на окупаторите да извршуваат напади врз украинските градови“, стои во објавата на украинската војска на Телеграм. Руските власти од регионот саратов потврдија дека напад со украински дрон предизвикал голем пожар на индустриски објект во областа.

притисни ентер