Тошковски: СВР Охрид во нов објект, што треба да се реконструира со помош на идната Влада

Во рамки на посетата на СВР Охрид и средбата со градоначалникот на Охрид пред неколку дена ја зачнавме идејата за дислокација на СВР Охрид во нов објект кој треба да се реконструира.

Во рамки на посетата на СВР Охрид и средбата со градоначалникот на Охрид пред неколку дена ја зачнавме идејата за дислокација на СВР Охрид во нов објект кој треба да се реконструира, а на местото на постоечкиот објект, да биде изграден подземен паркинг и парк кој ќе биде уште едно место за рекреација на граѓаните на Охрид.

Во тој контекст денеска заедно со градоначалникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер, Христијан Мицкоски на лице место му ја презентиравме замислата за овој проект, а за чија реализација несомнено ќе треба поддршка од идната Влада.

Од негова страна добивме уверување дека ќе даде целосна поддршка на проектот со цел да се овозможи поголем комфор во централното подрачје на Охрид каде особено за време на летната туристичка сезона има голема фреквенција на луѓе, а во исто време на полициските службеници кои работат во СВР Охрид ќе им бидат овозможени подобри услови за работа и посоодветна локација од која многу полесно и поефикасно ќе ги извршуваат своите работни задачи, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на ФБ.

Арсовска: Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Во изминатите две години покажавме дека со упорност и покрај блокадите може да се наметнат системски промени кои од корен ги менуваат градските институции.

Затоа Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Успеавме да ги намалиме непродуктивните трошоци, единствено не ги згаснавме светлата на улиците сред најголемата енергетска криза, ги консолидираме јавните претпријатија.

Први и единствени се боревме повеќе да нема лица кои не одат на работа, а земаат плата. Успеавме да откриеме стотици такви случаи за кои останатите институции сега треба да превземат мерки за враќање на парите кои ги земале.

За Македонија која ќе се базира врз право и правда неопходно е да се спроведат системски реформи:

-Целосно чистење на институциите од оние кои не одат на работа, а сепак земаат плата

-Воведување системска дигитализација со која човечкиот фактор и влијание при избор на вработување ќе се елиминира

-Со ветинг во сите јавни институции да се детектираат злоупотребите на позициите и за истото да следат највисоки санкции

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, за луѓе кои секогаш ќе се спротивстават на неправдите и ќе работат за подобар живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Денес е ден на Македонскиот јазик

Денеска Македонија го одбележува 5 мај – денот на Македонскиот јазик.

На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.

Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.

Садик Кан третпат избран за градоначалник на Лондон

Садик Кан го освои рекордниот трет едноподруго градоначалнички мандат во Лондон на локалните избори во Англија на кои што неговите лабуристи ѝ нанесоа тежок пораз на конзервативната партија.

Кан, кој првпат беше избран во 2016, ја победи ривалката Сузан Хол со разлика од повеќе од 276.000 гласови.

„Мојата животна чест е да му служам на градот што го сакам. Во моментов сум многу понизен. Ова беа тешки неколку месеци, во кои се соочивме со кампања на постојана негативност. Горд сум што одговоривме на поттикнувањето страв со факти“, изјави 53-годишниот Кан, кој е и првиот муслиман кој беше избран за градоначалник на Лондон.

Тој истовремено го повика премиерот Риши Сунак да распише парламентарни избори.

притисни ентер