Топ 5 заблуди околу полнењето на батеријата на мобилните телефони

Дали полнењето на батеријата во текот на целата вечер го скратува нејзиниот животен век? Еве одговор на многу заблуди во врска со батеријата на вашиот мобилен телефон.

1.Полнењето во текот на ноќта доведува до преоптоварување на батеријата

Иако крајната цел на овој мит не е во целост невистинита, сепак се работи за погрешна претпоставка. Многумина веруваат дека оставањето на телефонот во текот на целата ноќ на полнач може да доведе до проблем со полнењето или до пократок животен век на батеријата. Сепак, паметните телефони се доволно паметни за да спречат преоптоварување на нивните батерии.

Кога батеријата на вашиот уред ќе достигне 100%, автоматски престанува да се полни, проблем може да настане доколку вашата батерија брзо се празни до 99% и тоа доведува до повторно активирање на полначот за да се одржи капацитетот на батеријата и тоа може да влијае на нејзиниот животен век.

Иако е тоа проблем, многу произведувачи денес прават батеријата да се полни побавно кога ќе надмине 80% или слични такви тактики, на тој начин одржувајќи го животниот век на батеријата.

Накратко, полнењето на телефонот во текот на ноќта нема да ја преоптовари вашата батерија.

2.Доколку батеријата секогаш се испразни до крај, ќе трае подолго

Ова можеби има најголем контраефект од сите митови. Оставањето батеријата секогаш да се испразни до крај пред полнење апсолутно не ја штити нејзината долговечност.

Всушност, многу експерти тврдат дека идеалниот начин за користење на батеријата на паметниот телефон е да ја ставите на полнач кога ќе биде на ниво од 20-30% што би требало да биде идеално за долговечноста на батеријата.

3.Полнењето на ладна површина ја штити батеријата

Некои телефони се греат додека се полнат. Како резултат на тоа, многумина сметаат дека е подобро доколку го стават телефонот на ладна површина или пред вентилатор додека се полни.

Иако е вистина дека топлината може да направи телефонот побавен и негативно да влијае на батеријата, поставувањето на лана површина не е решение. Всушност, држењето на ладна површина кога телефонот се полни доведува создавање на метален литиум во батеријата.

Тоа допринесува до уште побрзо празнење.

4. Користењето на телефонот за време на полнење влијае на животниот век на батеријата.

Не, користењето на телефонот додека се полни не влијае на долготрајноста на батеријата.

Единствено влијае врз брзината на полнење бидејќи додека го користите уредот трошите батерија, што не би требало да биде голем проблем доколку на телефонот не вршите нешто што премногу ќе го оптовари уредот додека се полни.

Меѓутоа, бидете сигурни дека не влијаете на животниот век на батеријата доколку го користите вашиот мобилен телефон додека се полни.

5.Вклученото „Wi-Fi“ троши многу батерија

Ова е една од главните заблуди кои многумина ја имаат во врска со батериите на паметните телефони.

Дури и ако „Wi-Fi“ е вклучено цело време додека телефонот е на полнач, тоа троши малку енергија. Многу мал дел од батеријата на вашиот телефон ќе биде истрошен доколку вашето „Wi-Fi“ е постојано вклучено.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер