Том Круз воодушеви со гест на прославата на 50. роденден на Викторија Бекам

Том Круз воодушеви со својот гест на прославата на 50-тиот роденден на Викторија Бекам.

Имено, еден од фотографите се сопнал на скалите и паднал. 61-годишниот актер веднаш му пришол на помош и му помогнал да стане. Потоа им подели неколку автограми на фановите кои се собраа пред клубот во Лондон, каде сопругата на Дејвид Бекам ја организираше прославата.

Потсетуваме дека на роденденот на Викторија дојдоа многу нејзини пријатели, а на крајот од забавата Дејвид Бекам ја изнесе од клубот во кој се одржуваше забавата. Покрај Круз, на забавата беа поранешната манекенка Џеки Ст. Клер, Ева Лонгорија, поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони и сите четири колешки на Викторија од Spice Girls. Британските медиуми пишуваат дека Викторија, Гери, Мел Би, Ема и Мел Си ги почестиле гостите со изведба на хитовите на Spice Girls.

Бекам за роденденот на сопругата потрошил преку 300.000 долари, а нејзиниот омилен готвач го ангажирал и ѝ го купил омилениот шампањ, кој чини повеќе од 3.500 долари по шише.

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа во поплави и одрони на индонезискиот остров Сулавеси, соопштија денеска локалните власти.

Силниот дожд што паѓа во областа од четвртокот предизвика лизгање на земјиштето во провинцијата Јужен Сулавеси, а беа погодени повеќе од 1.000 куќи, од кои 42 целосно се урнаа.

Екипите за пребарување и спасување ги евакуираат жителите со гумени чамци, изјави портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари.

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се работи за иднината на државата.

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на ДПМНЕ како она на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните.

Со Мицкоски и ДПМНЕ ни следи враќање 20 години назад, изолација, уривање на слободата на медиумите, внатрешни поделби и оддалечување од европскиот пат. Тоа носи сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 за претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски и за кандидатските листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Да не дозволат враќање на режимот во најава, да гласаат за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ:ДУИ се обидува да поткупи гласачи дури и во верски објекти, секако одат во опозиција

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција.

Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи.

Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.

ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.

Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.

Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја!, се наведува во партиското сопштение.

притисни ентер