Сепак, Хаас ќе продолжи да ги користи моторите на Ферари откако тимот во јули се согласи да го продолжи договорот до 2028 година. Тимот, предводен од Јапонецот Ајао Комацу, е седми во поредокот кај конструкторите во моментов со 31 поен пред Гран при во Остин, Тексас, ое на програмата е следната недела.
Партнерството меѓу Хаас и Тојота започнува веднаш, откако автомобилите на возачите Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ќе бидат брендирани со логото на јапонскиот концерн. Тојота станува технички партнер на Хаас, а двете страни ќе разменат експертиза, знаење и средства. Тојота ќе обезбедува дизајн и технички услуги.
-Да ја имаме поддршката од лидерот во автомобилскиот сектор и да работиме заедно ќе ни овозможи да го развиеме и забрзаме нашиот пат. Ова е партнерство кое гарантира придобивки за двете страни, прокоментира Комацу. Тој, исто така, им се заблагодари на Ферари и на тимскиот шеф Фред Васур за нивната поддршка, како и на директорот на Формула 1, Стефано Доменикали.
Претседателот на Тојота Рејсинг, Томоја Такахаши, рече дека партнерството има за цел „да создаде возачи, инженери и механичари“.
Тојота влезе во Формула 1 со свој тим во 2002 година, но сепак не победи на трка, и покрај тоа што тимот имаше еден од најголемите буџети. Јапонскиот конструктор, исто така, го снабдуваше тимот на Вилијамс со мотори помеѓу 2007 и 2009 година. /МИА