Тинејџерка заработува илјадници фунти за измислување имиња на Кинези

Боу Роуз Џесап е 19 годишна девојка , која заработува давајќи им имиња на деца од Кина.

Откако во 2016 со родителите заминала на пат во Кина , еден од пријателите на семејството , ја замолил девојката да смисли британско име за неговото новородено дете.

Во Кина на цена се британските имиња и поради тоа што е тешко со кинеско име да се отвори меил адреса или профилна страница за упис на факултет во странство. Затоа Кинезите на децата им даваат едно кинеско и едно британско име.

Кога видела какви апсурдни имињ аим даваат на децата како Ролекс или Епл , Роуз почнала свој бизнис . Таа на Кинезите им дава увид во традиционални британски имиња , а функционира така што родителите одбираа 5 од 12 понудени особини на детето. Потоа на родителите им нуди три имиња , кои може да ги искоментираат или споделат со роднините и пријателите , по што и ја кажуваат одлуката.

Првите 160 000 имиња ги одработила бесплатно ,а подоцна наплатувала по 60 пенија од име. До сега им дала име на 670 000 бебиња и заработила 260 000 фунти за само една година.

Германскиот Управен суд прифати десничарската АфД да биде ставена под надзор

Сојузниот управен суд денеска пресуди дека Германската разузнавачка агенција има право да ја стави под надзор екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) поради потенцијален екстремизам и во исто време ја одби жалбата на таа партија

Судот во Минстер, во покраината Северна Рајна-Вестфалија, утврди дека има доволно правна основа за ваквото означување на АфД, нагласувајќи дека тој чекор не води неизбежно до тоа партијата да биде означена како докажан случај на десниот екстремизам.

Судот соопшти дека нема индикации дека разузнавачката агенција дејствувала со несоодветни политички мотиви.

Со таа пресуда во корист на разузнавачка агенција на Германија, судот ја потврди претходната одлука на понискиот суд од Келн од 2022 година.

АфД го отфрли таквото толкување и го оцени како политички обид за дискредитација на партијата. Членот на нејзиното национално раководство, Роман Реуш, рече дека партијата ќе поднесе жалба. /МИА

Продолжува потрагата по исчезнати по разорните поплави во Авганистан

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување на исчезнатите лица по големите поплави што го погодија северен Авганистан во петокот, изјавија денеска претставници на локалните власти за ДПА.

Некои области првично беа тешко достапни поради уништените патишта.

Агенциите на ОН и авганистанското Министерство за бегалци соопштија дека загинале најмалку 315 луѓе. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека речиси 9.000 домови биле уништени или оштетени.

Екстремните временски настани како поплави и суши се во пораст во Авганистан. Експертите за ова ја обвинуваат климатската криза.

По децении војни и конфликти, земјата е лошо подготвена да се справи со последиците од климатските промени.

Земјата сè уште закрепнува од повеќекратните земјотреси претходно оваа година и големите поплави во март. /МИА

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут

Премиерлигашот Борнмут објави денеска дека го продолжи договорот со тренерот Андони Ираола до лето 2026 година.

Ираола седна на клупата на Борнмут тимот минатото лето. За тоа време, клубот под негово водство одигра 43 натпревари, запишувајќи 17 победи, девет нерешени и 17 порази.

На едно коло до крајот на премиерлигашката сезона, Борнмут е на 11. место.

Ираола е еден од стратези во Премиер лигата кои се во конкуренција за наградата најдобар тренер на сезоната./МИА

притисни ентер