Тинејџер убил девојче поради кавга за мече (ВИДЕО)

Во Велика Британија во тек е судењето на тинејџерот кој уби 15- годишно девојче со нож поради расправија за плишана играчка, објавија денеска британските медиуми.

Тој ѝ го забодел ножот во вратот на Елиан, пријателката на неговата поранешна девојка, откако се расправале бидејќи тој одбил да ѝ го врати плишаното мече.

Обвинетиот Хасан Сентаму (18) се изјаснил за невин за убиството на ученичката, наведувајќи дека одговорноста му била намалена поради дијагностицираниот аутизам, пренесува Sky News.

Сентаму, кој имал 17 години за време на убиството, рекол дека ја убил Елијан Андам бидејќи изгубил контрола.

Обвинителот, сепак, рече дека Сентаму отишол да ги пречека девојчињата, земајќи кујнски нож со себе, што докажува дека имал намера да ги повреди или убие.

Судењето на тинејџерот продолжува пред судот во Лондон.

Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа

Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“.

Папата изјави дека насилството над децата, уништувањето на училиштата и болниците претставува „голема суровост“.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пренесува дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.

На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“.

Од почетокот на нападите на 7 октомври, загинаа над 45.000 Палестинци, од кои 17.492 деца и 11.979 жени. Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства.

Руски фирми се почесто користат Биткоин поради западните санкции

 Руски фирми се повеќе користат биткоин и други дигитални валути за меѓународни плаќања како одговор на западните санкции, јавија западни медиуми.

Кинеските банки, некогаш клучни посредници во руската трговија, значително ги намалија трансакциите поради страв од губење на пристапот до американските финансиски пазари. До средината на 2024 година, околу 80% од руските плаќања во кинески јуани наводно биле одбиени или вратени. Овој пресврт следи по законските измени во Русија кои овозможуваат употреба на криптовалути во надворешната трговија за да се ублажи влијанието на санкциите.

Москва ги прифати криптовалутите, вклучувајќи го и легализирањето на рударење Биткоин.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов за време на интервјуто за каналот „Русија-24“ потврди дека домашно рударениот Биткоин сега се користи во надворешната трговија во експериментална рамка.

„Вакви трансакции веќе се случуваат“, рече Силуанов, нагласувајќи дека дигиталните валути можат да станат клучна алатка во меѓународните плаќања.

Санкциите значително го ограничија пристапот на Русија до традиционалните финансиски пазари. И САД и ЕУ го забранија извозот на долари и евра во Русија во март 2022 година, намалувајќи ја нивната употреба во трговијата.

Кинескиот јуан првично ја пополни таа празнина, станувајќи најтргувана странска валута во Русија. Сепак, проширените американски санкции насочени кон финансиските институции кои работат со Русија дополнително ги ограничија опциите за плаќање.

За уставните измени е потребна политичка волја

Претседателот на собранието Африм Гаши утринава на брифинг со новинарите рече дека кога ќе почне процедурата за отповикување на членовите на Судскиот совет завиоси од собраниската комисија за избори и именувања.

За уставните тој кажа дека е потребна е политичка волја.

притисни ентер