Тим на СДСМ на маалска средба во Пробиштип: Остануваме со граѓаните и ги следиме нивните потреби

Членот на ЦО на СДСМ, Пеце Мирчевски ,градоначалникот на Пробиштип , претседателот на ОО Пробиштип, Драган Анастасов и директорот на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Никола Бабоски остварија маалска средба со граѓаните.

Во своето обраќање, Мирчески истакна дека последните случувања покажале дека се гради правна држава што функционира, а законите важат за сите подеднакво.

- За само 2 години државата успеа да изгради независни институции, успеавме да создадеме систем што се бори против корупцијата и криминалот. Последните случувања и актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани - обвинителство - МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција. - истакна Мирчевски.

Бабовски се осврна на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

- Пред две години наследивме огромни долгови и неисплатени средства на граѓаните и тоа околу 4.5 милјарди. денари долг што не го исплатила минатата власт, посочи Бабовски, додавајќи дека многу е важна искористеноста на ИПАРД фондовите, затоа што со секое неискористување на овие средства од Европските фондови сумата одвоена за нив ќе биде намалена. Успеавме да постигнеме голема искористеност со што претендираме да бидеме први во регионот.-дополни Бабовски.

Мерките млад земјоделец, мерката зелена нафта со којашто 200 милиони денари се враќаат назад кај 55 илјади земјоделци, повратот на ДДВ, повратот на персоналниот данок за земјоделците, зголемените и навремени субвенции се дел од мерките со кои се потврдува вистинската грижа за земјоделците, истакна Бабовски.

Маалските средби продолжуваат. СДСМ останува да биде на страната на интересите на граѓаните и државата, се наведува во партиското соопштение.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер