Тило Куш стапи на функцијата главен извршен директор на Македонски Телеком

Македонски Телеком, како лидер на пазарот, ќе остане фокусиран и посветен на промени и ќе биде носител на иновации и нови технологии, изјави Тило Куш, кој од денеска стапи на функциите главен извршен директор на Македонски Телеком и претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.

Куш истакнува дека Македонски Телеком нема да отстапи од својата досегашна определба да обезбедува само оригинални решенија и услуги според највисоки стандарди за квалитет, прилагодени според потребите на корисниците.

- Убеден сум дека Македонски Телеком заедно со Т-Мобиле ќе останат препознатливи како фер и достојни играчи во бизнис заедницата, компании кои вложуваат во различни општествени сегменти за доброто за сите граѓани во Македонија, изјави Куш.

Тој доаѓа во Македонија од позицијата главен директор за финансии во Маѓар Телеком, кој оваа функција ја извршува од септември 2006 година. Од 2006 година, тој е член на Одборот на директори во Маѓар Телеком. Куш се приклучува на Дојче Телеком Групацијата во 2001 година како виши директор одговорен за подготовка на први јавни понуди и односи со инвеститори на T-Mobile International. Од април 2002 година бил на позицијата виши извршен заменик претседател на Дојче Телеком, одговорен за односи со инвеститори.

Во рамки на својата кариера, Тило Куш од 1989 до 1992 година успешно основал и водел сопствена компанија за продажба на ИТ решенија за приватни и мали деловни корисници. Од 1992 до 1998 година работел за консултантската компанија Arthur D. Little каде што раководел со услугите за телекомуникации, ИТ, медиуми и забава, а од 1998 до 2001 година бил директор во Dresdner Kleinwort Wasserstein, инвестициска банка на водечка позиција според својот бизнис за телекомуникациски услуги и услуги поврзани со акционерски капитал.

Од денеска, функцијата главен директор за човечки ресурси во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе ја извршува Лазар Поповски. Тој на новата позиција во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија доаѓа од местото директор на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, соопшти Македонски Телеком.

Мелони е лидер на листата на нејзината крајно десничарска партија на изборите за ЕП

Премиерката на Италија Џорџа Мелони денеска изјави дека ќе биде носител на листата на нејзината екстремно десничарска партија на изборите за Европскиот парламент во јуни.

„Одлучив да се кандидирам на чело на листата „Браќа на Италија“ (Fratelli d'Italia)“, рече таа на конгресот на нејзината партија.

Партијата на Мелони освои најмногу гласови на парламентарните избори во Италија во 2022 година.

Според анкетите, партијата би можела да освои околу 26 отсто од гласовите на изборите за ЕП, што ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Сакаме да го направиме во Европа токму она што го направивме во Италија на 25 септември 2022 година, кога се одржаа изборите. А, тоа е да создадеме мнозинство што ги обединува силите на десницата и чевицата да биде вбо опозиција дури и во Европа“, изјави Мелони.

Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

Спасовски од Шуто Оризари: Да не се попречува изборниот процес

 Да не се попречува изборниот процес, да не се закануваат, да не навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и коалицијата за европска иднина од ИЕ2, Оливер Спасовски, имаше свое обраќање во Шуто Оризари.

„Денеска продолжуваме со изборната кампања во Шуто Оризари на разговор со граѓаните за претседателските и парламентарните избори на 8 мај. Сакам да се сретнеме со сите граѓани, да влеземе во секоја куќа во општината Шуто Оризари, да поразговараме со секого за нашата перспектива на Македонија”, рече Спасовски. Притоа, тој ја истакна важноста да се гласа на 8 мај.

„Многу е важно граѓаните да останат смирени и овој втор круг од изборите да помине во демократска атмосфера. Упатувам порака до сите оние се дрзнуваат на било кој најчин да го попречуваат изборниот процес, да се закануваат, да навредуваат, да останат на ниво на демократски вредности. Да ги почитуваат граѓаните и на мирен, фер и демократски начин да заврши изборниот процес. Воедно ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски заокружувајки го бројот 1, и да гласаат за листата на пратеници исто така под број 1 за коалицијата за европска иднина”, порача Спасовски.

притисни ентер