Тие се најбогатите актери на светот!!

Според податоците на сингапурската компанија „ Wealth X”, која е специјализирана за утврдување на „вредност“ на светските ѕвезди, најбогат актер на светот е Џери Сајнфелд чие богатсво е проценето на неверојатни 820 милиони долари.

Неоечкувано втор на оваа листа на милионери меѓу светските актери е Индиецот Шарук Кан со 600 милиони долари.



Најбогатиот актер на светот Џери Сајнфелд сними дури деве сезони од култната серија „Сајнфелд“.

Иако последната епизода од култната серија е емитувана во далечната 1998 година, актерот и понатаму заработува огромни средства од авторските права, минатата година само од репризата на овој серијал инкасирал неверојатни 400млиони долари.



Вториот најбогат актер во светот е Индиецот Шарук Кан со 600 милиони долари проценето богатсво. Кан се прослави со улогата во филмот „Деевана“ уште во1992 година, а потоа сними безброј индиски сапуници.



Светската ѕвезда Том Круз со богатсво од 480 милиони доалри е зад водечката двојка , на третата позиција. Иако холивудскиот заводник играше во многу успешни блокбаскетри , сепак неговото богатсво е скоро двојно помалу од она на Џери Сајнфелд кој имаше една амо многу вредна улога.Во долгата и успешна кариера и четириесетина филма зад себе Том Круз успеал да заработи 480 милиони долари.



Со богатсво од 450 милиони долари еден од најталентираните актери на светот ѕвездата на „Пиратот од Карибите“ , Џони Деп е на четврттото место.
Прв пат на филмското плато славниот актер се појави во 1984 година во филмот „Страв во улицата на брестовите“ и оттогаш до денес играл во повеќе од 70 филмови.




Елитната петорка според богатсвото ја затвора актерот , режисер ипродуцент Том Хенкс со богатсво од 390 милиони долари.
Том Хенкс досега пет пати бил номиниран за наградата Оскар која ја освоил на два пати за улогите во филмовите „Филаделфија“ и „Форест Гамп“.

На листата на најбогати актери на светот се и Киану Ривс (350 мил. долари), Силвестер Сталоне (275 мил. долари) и Леонардо Ди Каприо со 215 милиони долари богатсво.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер