Тетовското музико училиште со традиционален концерт во чест на Свети Климент Охридски

Ученците од државното музичко училиште „Тодор Скаловски Тетоец" одржаа традиционален концерт по повод патрониот празник, а во чест на Свети Климент Охридски. 

Во еден час пред публиката беа изведени вкупно 21 композиции од дваесетина ученици од основниот и од средниот оддел на училиштето.

-Комисијата имаше неблагодарна работа да одбере кој да настапи на годинешнито патронат. Убаво е чувството, се множат годините, ни оди во пресрет 70-годишнината. Се надевам дека следната година предизвик за поголелма и помасовна организација и ќе ги видиме на концертно достигнување на наученото кај ученциите и нивните наставници досега во текот на годината, изјави директорот Љупчо Перински.

На денот посветен на Свети Климент Охридски пуштена во употреба новоизградената концертна сала.

-Секоја година поголем е интересот за запишување музичкото училиште и со тоа се одржува големата традиција.Освен патронатот, имаме и новогодишен концерт како и задолжителниот концерт за сите ученици по класи, рече Перински.

Во текот на годината училиштето го бележи еден од најголемите успеси на 10 годишниот Ерденај Сали кој освои специјална награда на седмиот меѓународен натпревар за млади музичари „Охрид те сакам". Меѓу триесетина учесници, доби по 100 бодови од сите четворица професори членови на меѓународното стручно жири. /МИА

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер