Тестирање гуми при брзина од 500 км/ч?

Пирели во својот оддел за истражување и развој инсталираше нова машина која може да тестира гуми со брзина до 500 км/ч под контролирани услови.

Опремата е позната како „High Speed Testing Machine“. Главната цел е да се продолжи со подобрување на безбедноста на гумите на најбрзите автомобили во светот. Со појавата на хиперавтомобилите со електрични мотори, големите брзини станаа клучен фактор во развојот на различни видови гуми, пишува „Revija HAK“.

Тест машината со голема брзина се наоѓа заедно со две други машини веќе инсталирани во објектите на Пирели во Бикока во Милано, кои можат да постигнат тестови до 370 и 450 км/ч.

Новата машина за 500 км/ч е првенствено наменета за употреба во мотоспортот. Во овие средини, безбедносните барања се уште построги и мора да бидат обезбедени со специјално прилагодени процеси за тестирање. Со ова, можно е да се тестираат гумите како да се користени на правците и кривините, на пример, за патеките Монца или Нирбургринг, но во симулирани услови.

Големи поплави во Бразил: Расте бројот на жртвите, а дождот не престанува

Дождот се врати во Рио Гранде до Сул, а бројот на жртвите од историските поплави во најјужната држава во Бразил се искачи на 126, соопштија локалните власти.

Поради невремето и поплавите што ја погодија земјата во која живеат околу 10,9 милиони луѓе, речиси 340.000 луѓе се раселени, а 141 лице се уште се водат како исчезнати, соопшти Цивилната заштита.

Обилните дождови предизвикаа неколку реки и езера во регионот да го достигнат своето највисоко ниво досега, додека поплавите ги блокираа улиците и ја нарушија логистиката, предизвикувајќи недостиг на основни продукти во одредени области.

Метеоролошката служба МетСул објави дека во повеќето градови во Рио Гранде до Сул ќе продолжи да врне дожд, додавајќи дека постои висок ризик од невреме.

Земјата се наоѓа на географската точка на судир помеѓу тропската и поларната атмосфера, што создаде временска шема со периоди на интензивен дожд и периоди на суша.

Локалните научници веруваат дека моделот се интензивира поради климатските промени.

Во Каноас, еден од најтешко погодените градови во близина на главниот град Порто Алегре, повеќе од 6.000 луѓе престојуваат во сала на унверзитет, претворена во засолниште.

Апарецида де Фатима Фагундес рече дека не може да заспие бидејќи не може да престане да размислува за најлошиот ден во нејзиниот живот.

„Постојано се сеќавам на луѓето кои викаат „помош“, „помош““, рече таа. „Беше ужасно.

Владата соопшти дека повеќе од 385.000 луѓе се без вода, додека околу 20 градови се без телекомуникациски услуги.

Во четвртокот, федералната влада објави пакет мерки за помош за Рио Гранде до Сул, кој вклучува забрзување на исплатата на социјалните бенефиции и обезбедување поевтини заеми за земјоделците и компаниите.

Гувернерот Едуардо Леите изјави претходно оваа недела дека првичните пресметки покажуваат дека на Рио Гранде до Сул ќе му требаат најмалку 3,68 милијарди долари за обнова од штетите што се проширија на земјоделските области околу главниот град.

Познато е зошто холандскиот претставник е дисквалификуван од Евровизија

Според одлуката на организаторите, холандскиот претставник Јост Клајн вечерва нема да настапи во големото финале на Евровизија, соопшти ЕБУ.

Имено, тој е обвинет од член на продукцискиот тим, по скандалот што се случи по неговиот настап во втората полуфинална вечер.

Процесот се уште е во тек, а го истражува шведската полиција.

Меѓутоа, поради сѐ, организаторите решија да го исклучат од натпреварувањето и да го исфрлат од финалето. И ЕБУ излезе со официјално соопштение.

Инаку, откако вчера не се појави на пробата, во арената Малме настана целосен хаос.

За потсетување, Холанѓанецот ги избриша сите фотографии и видеа поврзани со Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил и приказни.

Да потсетиме, тој синоќа заедно со уште девет финалисти од второто полуфинале присуствувал на конференција за медиумите.

Седел во близина на Израелката и цело време ја криел главата под знамето на својата земја, на страната од лицето што гледаше кон Еден. Кога таа почна да одговара на прашањата, Јост целосно ја покри главата.

Шоу на Ѓоковиќ: Со кацига се појави прв пат во јавноста по ударот со шише во Рим (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ за прв пат се појави во јавноста откако беше удрен со шише во глава по победата против Корентано Муте во второто коло на Мастерсот во Рим и ги насмеа сите присутни.

Имаше кацига на главата и со насмевка се потпишуваше на реквизитите на навивачите.

Ноле искористи сѐ за да се пошегува на своја сметка и со тоа ги воодушеви фановите, иако не изгледаше ни малку наивно кога го заработи ударот вчера навечер.

Самиот Ѓоковиќ бил свесен дека се работи за случаен инцидент, па сакал уште еднаш да ја искаже својата смисла за хумор.

притисни ентер