Тесла заработува пет пати повеќе по автомобил од Тојота

Ако ги погледнеме финансиските бројки на Тесла и ги споредиме со ривалите, можеме да видиме дека златната ера на Тесла штотуку започна.

Да почнеме со профитот: како што известува „The Street“, Тесла заработи повеќе пари отколку Форд и ГМ заедно. Тесла оствари профит од 12,6 милијарди долари минатата година, наспроти 9,9 милијарди долари на ГМ и загубата на Форд од 2 милијарди долари.

Изминатата година не беше најдобра за Тесла, барем во однос на публицитетот - акциите паѓаа, Илон Маск беше предмет на различни написи, вклучително и тужби поврзани со безбедноста или написи за ривалите кои почнаа да ги испорачуваат своите електрични возила.

Ова доведе некои луѓе да се запрашаат дали златното доба на Тесла се ближи кон крајот. Тоа е прилично неверојатно достигнување за компанија која дури и не е активна во некои големи сектори на автомобилскиот пазар.

Не продава автомобили со мотори на внатрешно согорување или хибриди, нема компактни или субкомпактни модели, а електричниот пикап Сајбертрак сè уште не достигнал сериско производство.

Приходите на Тесла во 2022 година беа 81,5 милијарди долари, додека приходите на ГМ беа 157 милијарди долари, а на Форд беа 158,1 милијарди долари. Што нè доведува до уште еден фискален факт за Тесла. Зборуваме за заработка по автомобил.

Извештајот на Никеи Азија вели дека Тесла заработувала пет пати повеќе по автомобил од Тојота минатата година. Помеѓу април и декември, американскиот производител заработил во просек 12,6 милиони јени (9.618 долари) по автомобил, додека Тојота заработила само 240.000 јени (1.832 долари) по возило, според Никеи.

Дел од вината за ова се припишува на зголемената цена на материјалите, што ги погоди сите производители на автомобили, но особено ја погоди Тојота, пренесува АутоБлог.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

 Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.

Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.

Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.

- Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите, рекол изворот.

притисни ентер