Тензична собраниска седница за директорот на АНБ

Иако директорот на АНБ Бојан Христовски требаше да даде одговори околу неговото назначување на првата седница на собраниската комисија за надзор на АНБ и АР, таа не се одржа. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Трамп најавува крај на „трансродовиот делириум“

Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило.

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД за помалку од еден месец, рече дека сака да го запре, како што рече, трансродовиот делириум во САД.

Говорејќи пред конзервативните поддржувачи во Феникс, Аризона, тој рече дека откако ќе положи заклетва како претседател на 20 јануари, ќе потпише извршни наредби со кои ќе се ставело крај на како што го дефинираше, сексуалното осакатување на децата и ќе се исклучеле трансродовите лица од војската и училиштата.

-Со потпис од моето пенкало на првиот ден ќе го сопреме трансродовото лудило. И ќе потпишам извршни наредби да се стави крај на сексуалното осакатување на децата. Да го тргнеме трансродовото надвор од војската и надвор од нашите основни и средни училишта.И ќе ги држиме мажите надвор од женските спортови. Тоа исто така ќе биде направено на првиот ден, рече новозибраниот претседател на САД, Доналд Трамп во обраќањето.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска

Нема веќе како до сега, правдата доаѓа.

На СДС изгледа уште не им е јасно дека лагите и клеветите веќе не проаѓаат како до сега, правдата доаѓа.

По нивните клевети за Бојан Христовски, директор на АНБ, ДКСК излезе со став дека нема основа за постапување против директорот, Христовски.

Освен лаги и измами, СДС не знае што друго да понуди на народот. Затоа се партија на дното, на анкетите и имаат рејтинг еквивалентен на статистичка грешка. ВМРО-ДПМНЕ има пет пати повисок рејтинг од нив, а Мицкоски има седум пати поголема доверба кај граѓаните во однос на Филипче.

Времето на криминалниот тандем СДС и ДУИ, која работеше на штета на граѓаните е минато. Матните тендери, игрите на среќа, скандалите во РЕК Битола и многу други се веќе под лупа на правниот систем.

Македонија се трансформира!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Канал 5 дознава: Сопственик на Ритрон Копи од Куманово е приведен од финансика полиција

Наш извор потврди дека не се уапсени лице од Финансиската полиција, туку спортивно, вработени од оваа институција го привела сопственикот на кумановската Ротрон Копи, која е поврзана со случајот „Државна Лотарија“

Нашиот извор потврди со највисока сигурност дека текстот е погрешен и дека Управата за Финансиска Полиција на Македонија го привела сопственикот на фирмата Ритрон Копи од Куманово која во изминатиот период успешно учествувала на јавните повици организирани од страна на Државната Лотарија, во период кога со оваа државна компанија управувал Перпарим Бајрами кој сега е во бегство.

притисни ентер