Тениската легенда ги распродава трофеите за да си ги отплати долговите

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер банкротираше во јуни 2017 година поради тоа што не можеше да ги отпалти долговиоте кон банката  Арбутнохот Латам.

Иако ја избегнува правдата, тој сепак ќе мора да се прости од своите трофеи, медали и други предмети што ќе бидат понудени на аукција од Wyles Hardy & Co. , со што ќе ги подмири долговите.

Инаку, Бекер загуби речиси 100 милиони евра на пропаднати инвестиции во нафтениот бизнис во Нигерија. Судот во Лондон, поради долг од околу 12 милиони евра, прогласи банкрот од споменатата лондонска банка, но тој се повика на својот дипломатски статус, бидејќи стана културен аташе на Централноафриканската Република во Европската унија. Сепак, подоцна се откажа од дипломатскиот имунитет и процесот продолжи.

Се очекува на аукцијата да бидат продавани трофеи од неговите шест победи на Гренд Слем, како и медали, опрема, облека и други предмети . Според медиумите, ќе има на продажба дури 82 предмети. Вредноста се проценува на 220.000 евра, иако се надеваат дека ќе бидат ппалтени уште повеќе на аукцијата, бидејќи такви предмети ретко доаѓаат на отворен пазар. Аукцијата треба да се одржи на 11-ти јули.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер