Тендерот на министерот Филипче ќе го чешла ОЈО

Тендерот за набавка на биореагенси и тестови на крв вреден 35 милиони евра се најде во основното јавно обвинителство.

Обвинителството поведе предистражна постапка по допрен глас заради постоење индиции за повредена на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во министерството за здравство како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми.

„Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Скандалозниот тендер доби голем интерес во јавноста откако беше објавено дека се јавила само дена фирма, и тоа регистрирана во период кога беше отворен технички дијалог во април оваа година. Тендерот вреден 35 милиони евра, го распиша Министерството за здравство за набавка на хемиски реагенси, е поништен.

Министерот Венко Филипче соопшти дека со евалуацијата е потврдено дека има недостатоци во поднесените документи од страна на економскиот оператор. Tендерот се однесуваше за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки, коагулациони и гасни анализи со отстапување на потребната опрема на бесплатно користење за потребите на јавните здравствени установи се јави само еден економски оператор. Единствениот понудувач беше фирмата „АХР лаб увоз-извоз ДООЕЛ во сопственост на Предраг Петрич од Нови Сад, а директор се наведува Александар Јовановски –Жути. Едиснтвен контакт во централниот регистар беше адресата на yahoo.

Министерот за здравство Венко Филипче во моментов е на одмор, и најави соопштение по од министерството за отворениот предмет.

Филипче најави нов тендер за реагенси.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

притисни ентер