Темната страна на Холивуд: Каскадерка за малку ќе загинела , а не и ги платиле ниту сметките (ФОТО)

Каскадерката Оливија Џексон , која ја изгубила раката на снимање , го тужи продуцентот поради кршење на договорот.

Каскадераката речиси ќе загинела на снимањето на филмот Resident Evil во 2015 и иако филмот заработил 310 милиони долари , на Оливија не и ги платиле ниту сметките за болничко лекување.

Денес, 36-годишната каскадерка од Амершам , на трагичното снимање се судрила со метален носач за камера , а не носела заштитната облека што требало да ја носи додека ја снимала сцената.

Џексон сега ги тужи продуцентите Пол Андерсон и Џереми Болтон, за кои тврди дека ја „напуштиле“ додека била во кома, откако ветиле дека ќе ги платат блничките сметки. Според MailOnline, Андерсон и Болтон понудиле да платат за лекувањето, но тоа било дел од договор за доверливост.

Џексон тврди дека заради тоа, била принудена да се потпре на „ужасно несоодветното“ осигурување , кое опфаќало само 33.000 американски долари. Таа тврди дека добила само 990 американски долари во обештетување за изгубената заработувачка.

Адвокатот Џулијан Чемберлејн, кој ја претставува Оливија, за MailOnline изјави дека 33.000 американски долари не ги покриваат трошоците за кое било од многуте сложени операции што и биле потребни на Оливија.

„Можеби ќе треба 10 или повеќе операции. Овде не се зема предвид никаква протетика, помагала и терапии кои на Џексон и требаат што може да чини десетици до стотици илјади долари“, вели адвокатот.

Во тужбата се детализираат грозоморните повреди кои Џексон ги претрпе во несреќата како скршеница на черепот, повреда на белите дробови, а раката и била целосно скршена. Исто така, доживеа повеќекратни фрактури на 'рбетот, ребрата, долниот дел од нозете, рацете и подлактиците...

Храбрата каскадерка инспирира многумина со нејзиниот позитивен став по повредите, а своето закрепнување го споделува со фановите на Инстаграм. Скоро 50.000 луѓе ја следат.

„Постојаната болка е необјаснива. Не можам да се сетам како се чувствувам во нормалното тело без болка“, напиша таа на еден од своите објавувања. „Толку е примамливо да ги мразам луѓето што ми го сторија ова. Јас се обидувам да ја искористам таа енергија за да се фокусирам да бидат подобри и да останат позитивни“.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер