Телескопот „Џејмс Веб“ ја сними смртта на една ѕвезда

Слики направени од телескопот „Џејмс Веб“ ги покажуваат последните фази од „суштествувањето“ на ѕвезда. 

Телото е од видот „бело џуџе“ (масивно густа ѕвезда приближно голема колку просечна планета), и е оддалечено од Земјата околу 2.600 светлосни години.

Сликите објавени од меѓународен тим астрономи покажуваат прстенеста маглина - тело со тркалезен облик со дупка во средината.

Маглина е термин што се користи за ѕвезда што ја разлева својата содржина во Вселената во мигот на згаснување, создавајќи „прстени во живописни бои, со меурчиња кои се шират и пукаат“, како и облаци и прашина. Како што пренесува „Гардијан“, слична судбина го чека и нашето Сонце за неколку милијарди години.

- Се очекува ѕвездите како Сонцето „да го завршат својот живот“ во фазата на бело џуџе со отфрлање на нивните надворешни обвивки, што потоа се обликуваат во прекрасни планетарни маглини осветлени од зрачењето на жешко јадро, односно белото џуџе, рече почесниот професор по физика и астрономија на Универзитетот на Лондон и водач на астрономскиот тим, Мајкл Барлоу.

Шарените појаси во маглината се создаваат од хемиски процеси што испуштаат светлина на различни бранови должини. Со анализа на сликите, астрономите се надеваат дека ќе научат повеќе за сложените процеси каде што се создаваат маглини и животот (опстојувањето) на ѕвездите и елементите што тие ги отфрлаат во Вселената.

Хајди Клум блесна во кожени панталони, привлече внимание со чанта од 26.000 евра

Германскиот супермодел Хајди Клум се појави на снимањето на шоуто „America's Got Talent“ во Пасадена, во кое таа е член на жирито.

51-годишната поранешна манекенка и ТВ водителка се појави во црни кожени панталони, бела маица и црна јакна. Комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици, ланче и очила за сонце, а вниманието го привлече со раскошна чанта.

Станува збор за чанта „Hermès“, поточно моделот „Birkin Quadrille“, чија цена се движи од 27.500 до 30.000 долари (24.000 до 26.000 евра).

Да потсетиме, Хајди неодамна позираше на црвениот тепих со колешката од шоуто, актерката Софија Вергара, а со своите изданија мамеа воздишки. Инаку, Хајди е позната и како кралица на Ноќта на вештерките поради необичните костими, а неодамна објави видео во кое покажа дел од костимот за овогодинешната прослава.

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Остин ја „повтори својата загриженост“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах, се наведува во соопштението, и ја нагласи вербата на САД во „важноста од постигнување дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата“.

Тој му рекол на Галант дека САД продолжуваат да вршат притисок за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ја потврдил посветеноста на САД за безбедноста на Израел. /МИА

Германија поднесе кандидатура за домаќин на женското ЕП 2029 во фудбал

Германија е кандидат за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2029 година, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф изјави дека германската кандидатура е „главен проект“ на федерацијата и дека ќе му даде „дополнителен поттик“ на женскиот фудбал во Германија.

Противкандидати на Германија за организација на завршниот турнир се Португалија, Данска и Шведска.

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално ќе го објави името на земјата домаќин во 2025 година.

Генералниот секретар на ДФБ, Хајке Улрих, ја смета Германија за „сигурен домаќин со одлична стадионска инфраструктура и одлична соработка меѓу градовите домаќини и локалните власти“.

Германија беше домаќин на Европското првенство за мажи во 2024, а го организираше ЕП за жени во 1988 година, во Западна Германија и во 2001 година. /МИА

притисни ентер