Тие го прават ова во партнерство со Меѓународната фондација за набљудување (IWF) четири месеци откако основачот и извршен директор на Телеграм, Павел Дуров беше уапсен.
Во август, француските власти поднесоа 12 обвиненија против Дуров, вклучително и соучесништво во „дистрибуирање, нудење или ставање на располагање порнографски слики на малолетници во организирана група“ и „поседување порнографски слики на малолетници“.
„IWF“ со седиште во Велика Британија работи со социјалните мрежи, технолошките компании, владите и други актери за да го спречи ширењето на таков материјал.
Како што пренесуваат, тие откриле илјадници потврдени случаи на материјал за сексуална злоупотреба на деца на Телеграм од 2022 година до денес.
Телеграм претходно одби да се приклучи на која било програма што би можела да помогне во ограничувањето на содржината.
Во изјавата, портпаролот на Телеграм, Реми Вон, тврди дека платформата „отстранува стотици илјади материјали за злоупотреба на деца секој месец“ благодарение на извештаите и следењето на вештачката интелигенција, иако тој исто така рече дека партнерството со „IWF“ ќе им значи повеќе.
Телеграм презеде други чекори по апсењето на Дуров, објавувајќи во септември дека ќе ги предаде IP адресите и телефонските броеви доколку тоа го побараат властите, нешто што претходно одбиваше да го направи.
Дуров, инаку, мора да остане во Франција во догледна иднина.
Извор: Б92