Телефонски разговор Блинкен – ал Сауди

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вчерашниот телефонски разовор со саудискиот министер за надворешни работи Фејсал бин Фархан ал Сауди го повтори барањето за почитување на човековите права во Саудиска Арабија.

Блинкен и ал Сауд разговараа и за регионалната соработка и за минатомесечниот напад врз танкерот „Мерсер стрит", за кои Вашингтон го обвинува Иран.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека тие исто така разговарале и за зајакнување на безбедносната соработка и саудиската поддршка за постигнување на мир во Јемен и решавање на тамошната хуманитарна криза.

Блинкен и ал Сауд не разговарале за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во 2018 година. Во американскиот разузнавачки извештај од февруари се наведува дека саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман, ја одобрил операцијата за убиство на Кашоги.

Бајден ја повлече и американската поддршка за операциите на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен, но не прифати воведување санкции против бин Салман.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер