Пејачката која се движи кон средината на четвртото десетлетие од својот живот, не беше присутна на доделувањето. Таа ги доби признанијата во битните категории - „уметник на годината“, „најдобар акт во живо“ и „најдобро видео“ за песната „Fortnight“. Таа, исто така, победи и во категоријата за најдобар американски уметник.
Во однапред снимена порака, Свифт се извини што не можела да присуствува на доделувањето.
Пејачката имаше и најмногу номинации - вкупно седум, но загуби од Аријана Гранде во категоријата „поп-уметник на годината“. Во февруари оваа година, Свифт веќе ја освои својата четврта награда „Греми“ за албум на годината, што е рекорд во историјата на овие награди. Нејзината светска турнеја „Eras“ ѝ ја донесе најголемата заработка воопшто - во музичката историја.
Тејлор Свифт годинава беше прогласена и за личност на годината, според списанието „Тајм“.
Јужноафриканската пејачка Тајла однесе три награди, меѓу коишто и за најдобар ар-ен-би изведувач. Уште едно изненадување е тајландската поп-уметничка Лиза, која победи во две категории, вклучувајќи ја и онаа за „најголемата база на обожаватели“, пред Тејлор Свифт и нејзината „армија“ наречена „Свифтис“.
Трофејот за песна на годината и припадна на Американката Сабрина Карпентер за нејзиниот летен хит „Espresso“. Еминем, кој оваа 2024 година се врати со нов албум, по 10. пат го освои трофејот за најдобар хип-хоп изведувач.
Во категоријата „Рок“, победник е Лијам Галагер - дел од поп-рок составот „Оејзис“. На крајот на август, браќата Лијам и Ноел Галагер објавија дека повторно ќе го обединат легендарното дуо заради претстојната турнеја, 15 години по разделбата. /МИА